Дома / Вицови / Плавуши

Плавуши

Преглед

Оди плавуша на преглед кај Доктор.
– Не дишете.
– Прднавте ли докторе?

Топла вода

Зошто плавуша се бања со топла вода?
– За побрзо да си ја исуши косата.

Мотор

Разговараат две плавуши:
– Викаш дечко ти отишол во Англија?
– Да.
– И, што вика, како е, се фали ли?
– Супер му е, пред некој ден си купил нов мотор.
– Со лев или со десен волан?

Роденден

Плавушата се буди утрото на својот роденден и му вели на значително постариот сопруг:
– Чудно, сонував дека ми подаруваш бисерен ѓердан за мојот роденден. Што значи тоа?
Сопругот ја погледнува, се насмевнува и и вели:
– Ќе дознаеш вечерва.
Вечерта, плавушата добива спакуван подарок со панделка. Нетрперливо ја отвора кутијата и вади… книга – „Соновник“.

Славење

Седат две плавуши и едната и вика на другата:
– Еј види го пијаниот будала!
– А кој е тој?
– Абе еден пред десет години ми предложи брак и го одбив.
– Аууу, па овој уште слави!

Телевизори

Влегува плавуша во продавница за бела техника и прашува:
– Имате ли телевизори во боја?
– Имаме.
– Тогаш, дајте ми еден зелен.

На шефот

Разговараат две плавуши:
– Вчера го промашив женското ВЦ и влегов во машкото. Замисли му го видов пенисот на шефот.
– И каков му е?
– Па за мој вкус премногу киселкасто – солен.

Казино

Згодна надарена плавуша влегува во казино, вади 10.000 евра и им вели на мажите околу масата:
– Се надевам дека нема да ви смета ако се соблечам гола, така имам повеќе среќа.
Мажите се согласиле, таа се соблекла, ги фрлила коцките и вели:
– Ајде коцкички, ајде, ми требаат нови алишта.
Коцките паднале, плавушата почнала да скока од среќа и да ги гушка мажите околу неа:
– Погодок, погодок!! Ви благодарам многу !!
Плавушата ги зела сите пари од масата, се облекла и си заминала.
Мажите гледаат и не им се верува што се случило.
По некое време некој од нив прашал:
– А бе шо број и падна на оваа?

Виндоус

Разговараат две плавуши и едната ја прашува другата:
– Кој Windows го имаш на компјутерот?
А оваа и одговара:
– Welcome… А ти?
– Еее и јас истиот.