Доаѓа Трпе од работа и ја прашува Трпана:
– Што има за ручек?
Трпана праби секси поза и му одговара:
– Еве можеби јас!
Трпе ја погледнува и одговара:
– Па нели знаеш дека не смеам ништо мрсно…
Униформа
Се враќа полицаец од работа доцна вечерта, ја соблекува униформата и таман тргнува кон спалната, жена му нежно му вели:
– Злато, ако ме сакаш, оди до тобакото, купи едно шише вино да пивнеме и ќе ти покажам чудесии во спалната…
Ја облекол тој пак униформата, оди во продавницата, а продавачот го прашува:
– Комшо, абе ти да не си ја сменил работата?
– Не бе, зошто?
– Па што си ја облекол таа пожарникарска униформа?!
Преведувач
Директорот носи во канцеларија тројца странци, и ја вика секретарката:
– Направи кафе за овие тројца педери!
Еден од нив се јавува:
– Двајца педери! Јас сум само преведувач…
Молење
Трпе се враќа дома камен пијан, а на вратата го чека Трпана со метла во раката.
Трпе паѓа на колената, ги скрстува рацете како за молитва и со тажен глас и вели:
– Молим те немој да одлеташ… последен пат ми е ова, ти ветувам.
Вакцина
Како се вика Македонска вакцина на грчки???
– “Nea Donesea”
Одлука
Трпе доаѓа дома и ѝ се обраќа на Трпана:
– Жено еве одлучив од денес да не се расправам со тебе..
– Како бе сам си одлучил?!
Поука
Две жени отишле на хиподром. Размислувале на кој коњ да се обложат и едната ја прашала другата:
– Кој број градник носиш?
– Тројка.
– А јас четвока. Три плус четири е седум, значи ќе се обложиме на број 7.
Се обложиле на коњот со број 7 и коњот победил.
Се прибрале дома, им се пофалиле на своите мажи, а тие следното утро исто така отишле да се обложат:
– Ти колку пати на вечер ја задоволуваш жената?
– Пет!
– А јас шест!
Ги ставиле сите пари на број 11, а победил број 2.
Метла
Трпе се враќа дома камен пијан, а на вратата го чека Трпана со метла во раката. Трпе паѓа на колената, ги скрстува рацете како за молитва и со тажен глас и вели:
– Те молам немој да одлеташ… ова ми е последен пат, ти ветувам…
Време
Цветко го прашува Трпе:
– Колку долго си немал секс?
– 22 часа, 48 минути, 22 секунди… и 9 години.
Обетки
Влав купува обетки од “Се до 99 денари”.
Продавачката:
– За Св. Валентин?
– Едната да, другата за 8-ми март.
Резиме
Трпе на интервју за работа. Директорот го прашува:
– Во резимето ви пишува дека сте женет и имате 5 деца?
– Точно.
– А со рацете знаете ли нешто да правите?!
Продавница
Трпана му вика на Трпе:
– Оди до продавница и купи два маргарина, ако има јајца купи десет.
Се враќа Трпе од продавница со 10 маргарини и и кажува на Трпана:
– Има јајца.
Автомобил
Некој бизнисмен сакал да му подари автомобил на еден пратеник.
– Знаете, јас не можам да прифатам толку вреден поклон…
– Добро тогаш да речеме дека сум ви го продал, за 20 евра. Може?
– Па ако е така, тогаш ќе земам 2.
Ѕвезди
Трпе се пушта на Трпана:
– Трпано ајде да имаме секс.
– Ех, не може така. Биди малку поромантичен…
– Како стоиш со ѕвездите?
– Ги обожавам.
– Тогаш ајде да одие во хотел со 3 ѕвезди.