Учителката им вели на децата на напишат реченица во која ќе го употребат зборот „ананас“.
Цветко:
– Ананас е јужно овошје.
Ана:
– Ананас е многу сладок плод.
Трпе:
– Тато е алкохоличар и ги пие сите пари, а дојде зима…
– Трпе, ти само глупости измислуваш! Каде е „ананас“ во твојата реченица?!
– Чекајте, не сум готов – …a-на-нас ни се е*а мајката од студ.
Фрижидер
Трпана го прашува швалерот:
– Драги, некогаш си поправал ли фрижидери?
– Никогаш.
– Веднаш почнувај, затоа што ја слушнав колата, маж ми се врати од службен пат!
Пејачка
Цветко седи во ресторан. Го чека келнерот и го прашува:
– Дали пејачката исполнува желби?
– Да, господине.
– Тогаш, речете и да замолчи!
Плаќање
Вечер Еден човек се враќа дома од работа и без да каже збор, собира куфер и почнува да го собира багажот. Неговата сопруга го прашува зачуден:
– Душо, каде одиш?”
– Одам во Никарагва.
– Зошто?
– Таму секс жената му дава на својот сопруг 4 долари.
Кога го слушна ова, жената ги фрла своите работи за домаќинството и започнува да се пакува.
– И каде сси тргнала?!
– И јас одам во Никарагва.
– Зошто?
– Сакам да видам како ќе преживееш цел месец само со 8 долари.
Оглас
Во оглас за запознавање некоја девојка напишала:
– Задолжително да е висок и забавен!
Еден од одговорите:
– Висок сум само 170 см, ама сум со 5 сантиметри позабавен од повеќето мажи.
Жени
Пробајте да ги разберете жените:
Една плаче за маж.
Друга плаче од маж,
трета плаче по туѓ маж.
Верност
Цветко и вика на жена си:
– Жено, морам да ти се исповедам нешто…
– Што си направил сега?!
– Кога имаме секс цело време мислам на Трпана.
– Ѓубре едно! Јас со кој и да имам секс, само на тебе мислам.
Сувенир
– Се врати ли ќерка ти од Дубаи?
– Да, да.
– И ти донесе ли некој сувенир?
– Да, да донесе. Ќе го крстиме во недела.
Жени
По читањето на приказната за султанот, петгодишно момче вели:
– Мамо, и јас сакам пет жени! Една ќе ме готви, втората ќе ми пее, третата ќе ме капе…
– А четвртата ќе те заспива – додава мајката.
– Не, мамо! Јас секогаш ќе спијам со тебе!
На мајката ѝ се насолзуваат очите и му вели:
– Господ да те благослови, сине мој! А кој ќе спие со твоите пет жени?
– Со нив нека спие тато!
Таткото со солзи во очите и со блажена насмевка:
– Господ да те благослови, сине мој.
Папучар
Малиот Трпе го прашува татко му:
– Тато, знаеш што е папучар?
– Не!
– Па, изгаси ја правосмукалката да ти кажам!
Лозинка
Ве молиме напишете ја вашата лозинка.
– рози
Лозинката мора да биде подолга.
– розови рози
Лозинката мора да содржи барем една цифра.
– 1 розова роза
Лозинката не може да содржи празни места.
– 1розовароза
Лозинката мора да содржи барем 8 различни симболи.
– 1ебанарозовароза
Лозинката мора да содржи барем една голема буква.
– 1ЕБАНАРОЗОВАРОЗА
Лозинката мора да содржи барем една мала буква.
– ЕбанаРозоваРоза
Лозинката мора да содржи барем една цифра.
– 1ЕбанаРозоваРозаДаТиЕбамСеПоСписок
– Лозинката веќе е зафатена.
Лектор
Влегува лектор во сендвичара:
– Здраво ќе може еден хамбургер?
– Да, со све?
– Без “в”.
Бар
Еден човек влегува во супер High-Tech бар и гледа дека зад шанкот стои робот, наместо шанкер. Човекот оди до барот, а роботот го прашува:
– Колку е вашето IQ?
Човекот одговара:
– 150.
Роботот веднаш го послужува со 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, влијанието на околината, квантната механика, нанотехнологијата и др.
Човекот е многу импресиониран од вечерта и затоа другата вечер решава да го тестира роботот.
Кога роботот го прашува за неговото IQ, тој вели 80. Веднаш роботот му служи пиво и му зборува за фудбал, омилени јадења, жени и сл.
Уште повеќе заинтригиран, човекот повторно се враќа следната вечер. Роботот го прашува:
– Колку е вашето IQ?
Човекот одговара:
– Паа? околу 15.
Тогаш роботот му сервира еден голем чоколаден сладолед и го прашува:
– И, брат, што велиш, пак за СДСМ или ВМРО ќе гласаме, а?
Виц на годината (2019)
Ракија
Седи Трпе пред телевизија и пие ракија. Доаѓа малиот Трпе и го прашува:
– Тато што пиеш?
– Ракија сине.
– Може да пробам.
– Еве пивни малку.
– Ауу, па ова гадно било бе! Како го пиеш?!
– Ееее, гадно е синце, оди брзо кажи и на мајка ти како се мачам, а она мисли ќеф си терам…