– Имаш бело?
– Имам. Што ќе ти е?!
– Па дај, ќе пуштам машина.
– Мамо бе, ме извади од памет…
Тежина
Трпе оди на доктор и докторот го прашува:
– Колку килограми си бил најтежок до сеа?
– 100 кила докторе..
– А најмалку?
– 3 кила и 800 грама, ама тоа беше многууу одамна…
Возачка
Тип вози кола, одеднаш БАМ, некој го удира. Искача од кола нервозен, гледа кој го удрил.
Во колата позади плавуша.
– Ти ма гледаш ли што направи? Си полагала ли возачки?!
– Ма сто пати поише од тебе!
Чоколадо
Маж на каса во продавница:
– Дајте ми едно чоколадо и десет презервативи.
Касиерката:
-За едно чоколадо толку пати нема да ти дадат..
Анкета
Трпана ја застанале на улица да одговори на анкета:
– Добар ден Госпоѓо, дали сте мажена?
– Да.
– Според Вас, што е најважно во бракот?
– Дефинитивно вниманието…
– А зошто вниманието?
– Па морам да внимавам да не ме фати маж ми!
Царина
На царина:
– Што имаш во вреќата?
– Храна за канаринци.
– Дај да видам?
– Абе ова се рачни часовници!
– Ако ги јадат арно, ако не ќе ги продадам…
Казна
Го застанала полиција Трпе и му се обраќа:
– Господине, возачка немате, прва помош немате, појас немате… Кажете што имате?
– Имам 50 евра.
– Па така кажете, човек треба со клешти да ви ги вади од џебот…
Збунка
Трпана лута му се дере на Трпе:
– Ѓубре едно! Си спиел со сестра ми!
– Ама не е така, се збунив ве помешав…
– Па како успеа бе? Јас сум црнокоса а таа е русокоса?
– Ама презимето ви е исто.
Љубов
Разговараат Цвета и Трпана:
– Трпано, ти за „прв“ пат тоа го направи од љубов или за пари?
– Од љубов секако, 10 евра пари ли се?
Сметка
Пијан Трпе ја чита сметката во кафана:
– 2 коњака – 120
– салата – 85
– ако помине – 130
– 4 пива – 320
Го вика келнерот:
– Што ти е ова “ако помине”?
– Е не помина…
Камион
Вози Цветко со камионот низ Словенија, и пред Љубљана го застанува полиција, и полицаецот му вика:
– Drug, migalec vam ne dela…..
Излегува Цветко од камионот, се врти на сите страни, зачуден, полицаецот па:
– Drug, pogledajte, migalec vam ne dela….
Цветко врти околу камион, се фаќа за главата, нешто не му е јасно, а полицаецот се запнал:
– Migalec vam ne dela….
А Цветко му вика:
– Абе да ти го наврам жмигавец, шо си запнал! Нели гледаш ми а нема приколицата?!
Порака
Му ѕвони телефонот на Трпе од непознат број:
– Добар ден Трпе, сигурно се прашувате која сум јас.
– Да.
– Јас сум психијатар.
– Повелете, како можам да ви помогнам?
– Ситуацијата за која ви се јавувам е малку незгодна. Јас сум психијатар на вашата бивша. Веќе доста време не дошла на третман, јас сум малку во криза со пари, а за една недела одам на одмор во Грција. Може ли да ве замолам да ѝ испратите една СМС порака дека ви недостасува?!
Испит
На испит по казнено право. Професорот:
– Можете ли да ми кажете колега, што е тоа измама?
– Измама ќе биди професоре, ако ме бутнете на испитот.
– Што сакате да кажете?!
– Па во книгата пишува дека измама извршува оној кој го користи незнаењето на некој и му нанесува штета.
Пратка
Трпе на телефон со брза пошта:
– Кога ќе ми ја донесете пратката?
– Помеѓу 9 и 16 часот. А вие на кој спрат бевте?
– Помеѓу 1 и 12 спрат…