Јас се викам Борче и со жена ми Верица сме сопственици на фирма за производство на мебел.
– А како ви се вика фирмата?
– Борче иВерица…
Зоолошка
Студент се вработил во зоолошката градина. Првиот ден, директорот му објаснува што ќе прави:
– Значи, работата е едноставна. Тигарот умре, но не можеме да ги лишиме луѓето од оваа атракција. Затоа го зачувавме крзното, го ставаш и од 10 до 5 лежиш во кафез и се преправаш дека си тигар.
Студентот го облекол тигровото крзно и легнал во еден ќош на крајот од кафезот.
Во еден момент, во кафезот влегува лав и полека одел му се приближува на тигарот.
Студентот си помисли, толку е и го чекал својот крај.
Лавот пристапил кротко и тивко прошепотил:
– Колега, да не имаш цигари? Слонот сака да запали една.
Вакцина
– Здраво! Маса слободна?
– Сертификат за вакцина?
– Не го зедов.
– Стави 5 денари на рамо.
Паѓа паричката…
– Тргни се од врата, не прај гужви.
Скеле
Влегува градежен работник во автосалон:
– Колку чини тоа црното BMW на плацот надвор?
– 250.000 евра.
– А на кредит на една година?
– 25.000 евра месечно.
– Уууу, а на две години?
– 12.500 евра месечно.
– Хммм, а на три години.
– Погледнете и други коли. Има поефтини.
– Може, ама скелето падна врз баш врз таа.
Исхрана
Трпе оди на преглед за висок притисок.
– Не треба да јадеш месо.
– А шо да јадам?
– Па сливи, грозје, круши…
– Јас тоа го пијам, кажи шо да јадам?!
Змија
Си иде Трпе у 5 сабајле пијан, лази по земјата у дворот, гледа пред него змија.
– Ти на каде лазиш?
– Пс-с-с-с…
– Арно викаш, тишина, сите спијат…
Пензија
Женската го носи својот дечко дома на ручек за прв пат.
И дечкото му се обраќа на таткото на девојката:
– Јас сум во врска со вашата ќерка веќе 5 години.
– Е добро, и што сега, да не сакаш да ти дадам пензија?!
Развод
Трпана и се жали на Цвета:
– Готово е, не можам да издржам веќе, решив ќе се разведам од Трпе.
– Дали сакаш да ти најдам добар адвокат?
– Е сега е касно, веќе си најдов еден поштар од Ѓорче.
Кујна
Цветко го прашува Трпе:
– Трпе готвиш ли ти дома?
– Не, Трпана ми забрани да влезам во кујна.
– Од кога?
– Од кога ми рече “помини ги кифлите со јајца”
25 цм
Влегува Трпе дома и ѝ кажува на Трпана:
– Се збори во село дека умрел некој со 25 цантима.
Трпана натажено:
– Ауу, сигурно е Цветко…
Патарина
Во банка:
– За што земате кредит?
– Ќе возиме до Штип, на пастрмајлија…
Гравитација
Дошол Ајнштајн во Битола за да држи предавање на студенти за гравитација. На крајот од предавањето прашал:
– Дали има некој прашања?
Трпе од третиот ред кренал рака.
– Ајде ти од третиот ред, како се викаш?
– Трпе.
– Повели Трпе.
– Не мојш бе чоек само така да глеаш на работите…
Пијаница
Се враќа Трпе дома, дрво пијан и Трпана уште од врата почнала да му се дере:
– Пак си пиел, пијаницо една!
– Чекај малку Трпано, колку пати те имам из*бано овој месец?!
– Епа, мислам 10 пати…
– А колку пати, сум се опил?!
– Па едно 5-6 пати.
– Епа кога е така, зошо не ми викаш е*ач, туку пијаница?!
Шега
Трпана го прашува Трпе:
– Трпе што ќе ми купиш за 8-ми Март?
– Ништо.
– Можеш барем да ми кажеш дека сум убава.
– Ааа тоа ќе направам за 1ви Април.