Дома / Вицови / Виц на денот (страна 10)

Виц на денот

Дресирање

Една жена поминува низ паркот. Одеднаш од зад грмушката:
– Стој!
Таа застанува.
– Легни!
Таа легнува.
– Сврти се!
Таа се врти.
И одеднаш слуша на увото симпатичен глас:
– Госпоѓо, добра сте? Јас си го дресирам кучето, а гледам вие лежите.

Професори

Ги собрале сите професори од приватните факултети во Македонија во ист авион. Пред авионот да тргне им рекле:
– Овој авион целосно е дизајниран и направен од ваши студенти.
Сите професори веднаш се разбегале, само еден останал мирно да седи.
Го прашале зошто не бега како другите, а тој им одговорил:
– Ако авионот навистина е направен од моите студенти, сигурно нема ни да полета.

Такси

Влегуваат тројца камен пијани во такси. Таксистот ги гледа дека се дрво пијани па ја пали колата, вози три метри и ја гаси:
– Стигнавме момци, 500 денари.
Првиот искача и му се заблагодарува, вториот искача и му дава пари, а третиот на искачање му удира една заушка, а таксистот го прашува:
– Што ме удираш бе?!
– Што летиш будало една, сакаш ли сите да изгинеме?!

Адреналин

Трпе му ѕвони на Цветко:
– Ало Цветко. Денес купив ново БМВ и кренав 300та на автопатот!
– И што? Се јавуваш да се пофалиш ли?!
– Не бе Цветко. Сакам да те прашам дали знаеш како се чисти адреналинот од седиштето?

Родител

Трпе се кара со неговиот син:
– По цели ноќи си со девојки цело време и цело сабајле спиеш, не си отишол на ниедно предавање!
– Ама, тато.
– Ш-ш-ш, замолчи! Кој е таткото овде? Ти или јас?!
– И двајцата тато и двајцата.

Бројка

Трпе ја прашува Трпана:
– Душо, кажи ми ама искрено. Со колку мажи си била?
– Со дваесет!
– Ееее, а баш сакав да си била девица, кога се оженивме.
– Бев…

Череп

Професор им покажува черепи на своите студенти:
– Овде има два черепи. Дали знаете кој од нив е машки а кој женски?
– Нормално еве овој е женски. – покажува еден студент.
– Како познавте?
– Па вилицата е повеќе излижана на женскиот!

Милјардер

На интервју прашуваат бизнисмен:
– Како станавте милијардер?
– Па, станав милијардер благодарение на сопругата.
– Како тоа, ве молам објаснете.
– Ми беше интересно во која фаза ќе престане да се жалам дека немаме пари.

Време

Трпана му се дере на Трпе:
– Пијаницо една! Кое време се прибра дома?!
– Во 12 без 5!
– Лажеш! Се врати во 7 часот наутро.
– Точно, па 12 без 5 колку е, а?!

Нова девојка

Цветко му се пофалил на Трпе:
– Си фатив нова девојка и тоа пејачка.
– И како е?
– Како во црква, кога ќе запее цело маало се крсти!
– Абе тебе како ти е со неа?
– Мене како во пилана.
– Како тоа како во пилана?!
– Па она рамна како даска а ја пијан талпа…

Оценки

Трпе си доаѓа од училиште и татко му го праша:
– Сине, како оценките во школо?
– Тато оценките маршираат.
– Како тоа маршираа?
– Епа вака: еден-два,еден-два,еден-два…