Дома / Вицови / Виц на денот (страна 9)

Виц на денот

Рибар

Трпе гледа некој рибар на Вардар како лови риби и му проѓа:
– Долго време рибарите?
– Да, веќе дваесет години.
– И не ви е досадно вака сам да седите до река?
– Не! Секогаш се наоѓа по некоја будала што поставува глупи прашања.

Лек

Трпе пиел ладно пиво и го заболело грлото.
Отишол до соседот, кој бил доктор.
Заѕвонил и на вратата се појавила жената на докторот.
Трпе, бидејќи го болело грлото, прашал шепотејќи:
– Докторот тука ли е?..
Жената, исто така шепотејќи:
– Го нема, влегувај…

Адреналин

Оди Цветко кај психолог и вели:
– Сè во мојот живот е прекрасно, но ми недостасуваат јаки чувства.
– На што мислите?
– Не знам како да си го качам адреналинот? Се обидов со сè – скокање со падобран, банџи, нуркање… Сакам нешто ново.
– Фатете си љубовница.
– Имам три, не помагаат.
– Тогаш кажете ѝ на жена ви.

Вијагра

Влегува бабата во собата и што да види… дедото сече таблета Вијагра на 4 дела.
– Што правиш? Треба цела да ја испиеш!
– Не се врти светот околу тебе. Сакам само да мочам!

Секси шоп

Се вратила Трпана од секси шоп и Трпе ја прашува:
– Трпано моја како идат вибраторите?
– Трпе од 30 до 50 евра има да бираш какви сакаш.
– А како „мојов“ колку пари се?
– Како „твојот“ има три за сто денари!

Директор

Во некоја државна фирма наместиле нов директор.
Добил многу убави канцеларии, згодна секретарка, станал буџа човекот.
Не поминало долго време, почнало нешто да го мачи.
Секретарката:
– Што Ви е директоре?
– Ах, да можев еднаш да викнам!
И така неколку пати, го свикала секретарката персоналот на состанок:
– Директоре, ако има нешто, викнете слободно, не може вечно потиштен да ве гледаме!
Директорот:
– Ајде семки, кикирики, мастики!

Дубаи

Одат двајца кумановци во ресторан во Дубаи и едниот вика:
– Брат днска ќе ручамо Суши!!
А друг:
– Брат ја не знам такој, ја ке си jеду С’уста.

Избор

Две плавуши зборуваат:
– Леле не знам како да си најдам маж…
– Како не знаш. Ќе застанеш на улица и ќе викнеш сите паметни на лево сите убави на десно!
– И?
– Епа тој што ќе се збуни, тој е за тебе!

Главоболка

Неандерталец и вели на жена си:
– Ај да се онадиме!
– Абе чоек кај најде сега?
Земал со стапот ја удирил по глава и пак ја прашува:
– Сеа ќе се онадиме или не?
– Море чоек, остај ме сега главата ме боли!