Дома / Вицови / Виц на денот (страна 11)

Виц на денот

Милјардер

На интервју прашуваат бизнисмен:
– Како станавте милијардер?
– Па, станав милијардер благодарение на сопругата.
– Како тоа, ве молам објаснете.
– Ми беше интересно во која фаза ќе престане да се жалам дека немаме пари.

Време

Трпана му се дере на Трпе:
– Пијаницо една! Кое време се прибра дома?!
– Во 12 без 5!
– Лажеш! Се врати во 7 часот наутро.
– Точно, па 12 без 5 колку е, а?!

Нова девојка

Цветко му се пофалил на Трпе:
– Си фатив нова девојка и тоа пејачка.
– И како е?
– Како во црква, кога ќе запее цело маало се крсти!
– Абе тебе како ти е со неа?
– Мене како во пилана.
– Како тоа како во пилана?!
– Па она рамна како даска а ја пијан талпа…

Оценки

Трпе си доаѓа од училиште и татко му го праша:
– Сине, како оценките во школо?
– Тато оценките маршираат.
– Како тоа маршираа?
– Епа вака: еден-два,еден-два,еден-два…

Јасновитка

Трпана оди кај јасновидка:
– Памтите ли, дека пред три години ми предвидовте, дека ќе имам три деца и маж?
– Памтам, да.
– Дојдов да прашам, кога ќе имам маж?!

Часовник

Му подариле на еден македонски мафијаш златен Ролекс. Кога му го врачиле подарокот, тој го бендисал, но рекол дека не го разбира.
Му објасниле дека всушност многу лесно се познава колку е часот – кога двете стрелки се горе е дванаесет, а кога се долу е шест и пол.
Следниот ден мафијашот стои на улица и го чека шефот. Покрај него поминува едно девојче и го прашува:
– Чичко, колку е часот?
Мафијашот фрла еден тежок поглед кон својот елегантен часовник, размислува кратко време и вели:
– Рано е да се каже…

Желба

Две бабички седеле на плажа
– Вчера ја видов Брижит Бардно на телевизија.
– И?
– Се сеќаваш како млади колку сите сакавме да изгледаме како неа?
– Се сеќавам.
– Епа, нашиот сон конечно се оствари!

Медицина

Баба отишла на доктор и го потпрашува докторот:
– Докторе да ви кажам нешто. Медицинава стварно напреднала многу со годините.
Кога бев млада морав да се соблечам до пола за да ме прегледаат, сега доволно е да го исплазам јазикот.

Бебе

Трпана му вика на Трпе:
– Љубов, дај ми го бебето да го нахранам.
– Ќе мора да почекаш додека не заплаче.
– Зошто?!
– Па не знам кај го оставив.

Фрижидер

Трпана го прашува швалерот:
– Драги, некогаш си поправал ли фрижидери?
– Никогаш.
– Веднаш почнувај, затоа што ја слушнав колата, маж ми се врати од службен пат!

Верност

Цветко и вика на жена си:
– Жено, морам да ти се исповедам нешто…
– Што си направил сега?!
– Кога имаме секс цело време мислам на Трпана.
– Ѓубре едно! Јас со кој и да имам секс, само на тебе мислам.