На испит по казнено право. Професорот:
– Можете ли да ми кажете колега, што е тоа измама?
– Измама ќе биди професоре, ако ме бутнете на испитот.
– Што сакате да кажете?!
– Па во книгата пишува дека измама извршува оној кој го користи незнаењето на некој и му нанесува штета.
Пратка
Трпе на телефон со брза пошта:
– Кога ќе ми ја донесете пратката?
– Помеѓу 9 и 16 часот. А вие на кој спрат бевте?
– Помеѓу 1 и 12 спрат…
Предавање
Запира полицаец возач во 4 сабајле и му вика:
– Каде одиш?
– На предавање
– На какво предавање?
– На предавање за морални вредности, колку алкохолот штетно влијае врз човечкиот организам, колку цигарите се исто така штетни и колку моето седење во кафана лошо влијае врз мојот социјален живот, врз моите финансии и врз мојот семеен живот ..
– Хаха абе кој држи такви предавања во 4 саат?
– ЖЕНА МИ!
Дрвца
Македонија… Двајца работници вработени во јавно градско претпријатие:
Едниот копа дупки, другиот зад него ги затрупува.
Еден случаен минувач ги забележува и прашува:
– А бе ти зошто ги копаш тие дупки, кога вториот зад тебе ги затрупува?
– Тој не е вториот, туку третиот. Вториот е на одмор, инаку тој ги ставаше дрвцата…
Раѓање
Учителката ги прашува децата како доаѓаат бебињата на свет.
– Штркот ги носи учителке. – рекло едно дете.
– Не, не, таткото и мајката прво треба да се бацуваат па после доаѓа детето на свет.- рекло друго дете.
Тогаш малиот Трпе дига два прста:
– Учителке, а може ли ние што сме дупеле да излеземе надвор, да не слушаме вакви глупости?!
Распоред
Трпе имал проблеми со ерекцијата и отишол на доктор. Докторот му вели дека претерал со сексот во последните 20 години и сега му остануваат само 30 ерекции. Се враќа дома скршен и ја споделува веста со Трпана:
– Ми преостануваат само 30 пати секс во животот!
– Тоа е страшно! Треба да направиме список и распоред.
– Веќе го направив, ама тебе те нема во списокот…
Анкета
Анкетар го прашува Цветко:
– Какво е вашето мислење за секс на работно место?
– Никакво. Прво јас сум оженет човек, а како второ изборот е никаков…
– Извини, а каде работиш?
– Работам од дома…
Јајца
Влегува Трпе едно сабајле во кујна, а таму Трпана му се фрла и го соблекува набрзина, го легнува на маса и почнуваат да водат љубов.
Кога завршиле, Трпе изненаден прашува:
– Трпано што ти стана наеднаш?
– Абе Трпе… ставив јајца да се варат и ми требат меко варени не повиќе од 2 минути. А саатот е расипан, па вака да знам кога се готови.
Време
– Мора да те предупреду дека муж ми се враќа за 1 сат.
– Ама ја ништо не праву!!!
– Е б’ш за тој, а време си проваѓа…
Состанок
Трпе му се жали на Цветко:
– Излегов со една на кафе и почна да нарачува: Кафе, Пица, Вино,Тирамису…
Па јаа прашав:
– Што не ја зеде и сметката за струја да ти ја платам?
Проблеми
Антички Римјанин во продавница за облека:
– И од кога XL е поголемо од L?!
Европски фондови
Малиот Трпе го прашува татко си:
– Тато, што се Европски фондови?
– Тоа се пари земени од сиромашните во богата држава кои се даваат на богатите во сиромашна држава.
Избор
Трпана го прашува Трпе:
– Ајде бирај… Секс или на море?
– Секс! На море одиме секоја година!
Лото
– Ало, жено… Сум го заборавил Лото ливчето дома. Ај да ги провериме бројките вака преку телефон. Слушај сега добро! 1 има ли?
– Уф… има!
– 7 има ли?
– Има!
– А 9 има ли?
– Има!
– Добро е, добро е! 13 има ли?
– Има!
– Не зафркавај! 21?
– Има!
– Леле! Леле!!! А 32 има ли?
– Има! Ама пречкртан е!