Дома / Вицови (страна 5)

Вицови

Караница

Ако жена ти при караница замолчи, потчукни ја по грбот да не се задавила случајно!

Споменик

Споменик на Наполеон. До него стојат тројца државници. Споменикот по едно време прозборува. Се свртува кон Трамп и му вели:
– Американецу, да ги имав твоите пари, немаше да ја изгубам битката кај Ватерло!
Почнува да му зборува на Путин:
– Русину, да ги имав твоите војници сибирци и Донски Козаци, немаше како да загубам кај Ватерло…
Почнува да му зборува на Зоран Заев. Другите двајца напрегаат уши што ќе каже.
– Зоки, Зоки – завидливо вели Наполеон – да ги имав македонските новинари, никој немаше да дознае дека сум ја изгубил битката кај Ватерло…

Шоља

Ajax – прочитано
Schauma – прочитано
Teo – прочитано
Варикина – прочитано
Taft – прочитано
Време е да станам од шољата..!

5G мрежа

Баба и внук разговараат:
– Абе внучко, таа мрежата што ја рекламираат – 5G, добра ли е?
– Добра е, бабо… супер е! Зошто?
– Па да ми купиш од неа едно дваесетинатина метри да си ги заградам кокошките…

Смрт

Трпана му вика на Трпе:
– Срце, ти личам ли дека малку сум се здебелила?
– Љубов моја, па ти никогаш не си била слаба.
Време на смрт: 13:50, причина: Корона вирус.

Поговорка

Некаде во Америка, еден милјардер рекол дека ќе му даде 5 милиони долари награда на секој кој ќе успее да плива езеро полно со крокодили. Ако некој се обиде, но не успее, неговото семејство ќе добие 3 милиони долари.
Поминало некое време и немало кандидат, сите се мислеле, но никој не се осмелувал да заплива. Наеднаш еден од заинтересираните храбро скокнал и почнал да плива. Се борел, пливал во секој стил, се трудел со сета сила и на крај целиот искасан одвај успеал да стигне на брегот. И нормално тој налутен почнал да пцуе и прашал:
– Кој ме турна?!
Се испоставило дека тоа била неговата сопруга.
Од таму доаѓа поговорката: „Зад секој успешен маж стои жена“!

Штала

Влегува госпоѓа у 64-ка, правец према Волково и му вика на шоферот:
– Се плаќа ли карта за у ваква штала?
– Да, 35 денари по грло, повелете не ви е скапо…

Министер

Шета еден министер со сопругата. Поминуваат покрај еден чистач и таа го поздравува.
– Кој е овој? – прашува министерот.
– Соученик. Порано многу ме сакаше, дури ми предложи и да се омажам за него…
– Ха! Ако си се согласела тогаш, сега ќе беше сопруга на чистач!
– Грешиш. Ако се согласев тогаш, сега тој ќе беше министер!

Порака

Трпе го приметува Цветко замислен и го прашува:
– Цветко што се случува бе, нешто си замислен?
– Си барам свој стан. Повеќе не се издржува!
– Зошто бе?
– Синоќа фатив една девојка во дискотека. Ја одведов кај нас, почнавме со онаа работа и по едно време добивам СМС од мајка ми од дневната соба: “Цветко, мама, оваа изгледа глуми оргазам.”

Циркуз

Дресер во циркуз излегува со мајмун на рамо.
– Дали знаете што знае овој мајмун да прави?! Гледајте сега!
Дресерот му мава шамар на мајмунот, мајмунот се симнува, му ги откопчува панталоните, завршува работа и се качува пак на рамења.
– Дали некој од публиката сака да проба?!
Од публиката се појавува плавуша:
– Јас би, али мавнете ме силно…