Дома / Вицови / Плавуши (страна 2)

Плавуши

Виндоус

Разговараат две плавуши и едната ја прашува другата:
– Кој Windows го имаш на компјутерот?
А оваа и одговара:
– Welcome… А ти?
– Еее и јас истиот.

Врска

Две плавуши прават муабет:
– Како ти е врската со дечкото?
– Не ми е повеќе дечко!
– Така и му треба, еден е клошар во градот.
– Сопруг ми е…
– Епа со среќа, баш си одговарате.

Муабет

Полицаец и прави муабет на плавуша:
– Како се викаш?
– Моника без “в”.
– Па во Моника нема “в”…
– Епа тоа ти викам бе глуп еден!

Кечап

Седат две плавуши во сендвичара, јадат хамбургери и едната и вели на другата:
– Сакаш бел или црвен кечап?

Љубовник

Прашуваат плавуша:
– Кој е поважен за вас, мажот или љубовникот?
– Мажот! Без него не можам да си го замислам животот со љубовникот.

Тапа викенд

Доктор ja прашува пациентката – плавуша:
– Со колку мажи сте имале сексуални односи во последно време?
– Петмина.
– Па, не е многу.
– Да бе да, тапа викенд.

Инстаграм

Иде плавуша на доктор и го прашува:
– Докторе,многу сериозно ги сфакам Твитер и Фејсбук, што да направам?
– Инстаграм.

Возачка

Сопира сообраќаен полицаец плавуша и ѝ бара возачка дозвола.
– Тоа е она со розева боја и што има моја слика?
Да и одговара полицаецот и ѝ ја бара и сообраќајната дозвола.
– А плавушата зачудена:
– Леле, пак алко-тест?