Дома / Вицови / Виц на денот (страна 3)

Виц на денот

Јајца

Влегува Трпе едно сабајле во кујна, а таму Трпана му се фрла и го соблекува набрзина, го легнува на маса и почнуваат да водат љубов.
Кога завршиле, Трпе изненаден прашува:
– Трпано што ти стана наеднаш?
– Абе Трпе… ставив јајца да се варат и ми требат меко варени не повиќе од 2 минути. А саатот е расипан, па вака да знам кога се готови.

Состанок

Трпе му се жали на Цветко:
– Излегов со една на кафе и почна да нарачува: Кафе, Пица, Вино,Тирамису…
Па јаа прашав:
– Што не ја зеде и сметката за струја да ти ја платам?

Лото

– Ало, жено… Сум го заборавил Лото ливчето дома. Ај да ги провериме бројките вака преку телефон. Слушај сега добро! 1 има ли?
– Уф… има!
– 7 има ли?
– Има!
– А 9 има ли?
– Има!
– Добро е, добро е! 13 има ли?
– Има!
– Не зафркавај! 21?
– Има!
– Леле! Леле!!! А 32 има ли?
– Има! Ама пречкртан е!

Фирма

Јас се викам Борче и со жена ми Верица сме сопственици на фирма за производство на мебел.
– А како ви се вика фирмата?
– Борче иВерица…

Зоолошка

Студент се вработил во зоолошката градина. Првиот ден, директорот му објаснува што ќе прави:
– Значи, работата е едноставна. Тигарот умре, но не можеме да ги лишиме луѓето од оваа атракција. Затоа го зачувавме крзното, го ставаш и од 10 до 5 лежиш во кафез и се преправаш дека си тигар.
Студентот го облекол тигровото крзно и легнал во еден ќош на крајот од кафезот.
Во еден момент, во кафезот влегува лав и полека одел му се приближува на тигарот.
Студентот си помисли, толку е и го чекал својот крај.
Лавот пристапил кротко и тивко прошепотил:
– Колега, да не имаш цигари? Слонот сака да запали една.

Вакцина

– Здраво! Маса слободна?
– Сертификат за вакцина?
– Не го зедов.
– Стави 5 денари на рамо.
Паѓа паричката…
– Тргни се од врата, не прај гужви.

Скеле

Влегува градежен работник во автосалон:
– Колку чини тоа црното BMW на плацот надвор?
– 250.000 евра.
– А на кредит на една година?
– 25.000 евра месечно.
– Уууу, а на две години?
– 12.500 евра месечно.
– Хммм, а на три години.
– Погледнете и други коли. Има поефтини.
– Може, ама скелето падна врз баш врз таа.

Пензија

Женската го носи својот дечко дома на ручек за прв пат.
И дечкото му се обраќа на таткото на девојката:
– Јас сум во врска со вашата ќерка веќе 5 години.
– Е добро, и што сега, да не сакаш да ти дадам пензија?!