Брко

Заѕидан

Пијаница шантра по улица и така стигнува до еден столб за огласи. Застанува, го пипка со раце, па почнува да врти околу него. По неколку круга околу столбот, се запира и преплашено извикнува: – Мајко мила, жив ме заѕидале!

Повеќе...

Пад

Цветко полага усмен испит на факултет. Додека тој одговара, професорот се клацка на столчето. Во еден момент столчето се крши и професорот паѓа на под. Цветко не издржува и почнува да се смее. Професорот, станувајќи полека и чистејќи го оделото, вели: – Ех, колега, денес паднавме двајцата!

Повеќе...

Порака

Се разболел градоначалник на една општина и во болницата му стига порака: – Брзо оздравување Ви посакуваат советниците со 65 гласа ЗА и 41 ПРОТИВ.

Повеќе...

Пораѓај

Трпана се пораѓа во болница, вика од болки и му ја стега раката на Трпе. Трпе загрижен и вика: – Трпано, љубов моја, многу ми е жал што мора ова да го трпиш! А Трпана му враќа: – Ма уживај ајде, не си ти крив!

Повеќе...

Пајак

Цветко и Трпе седат на кафе и прават муабет: – Се плашиш ли од пајаци? – Не, зошто? – Па добро е тоа, затоа што еден само што ти ја дигна колата.

Повеќе...

Цветко

Трпе и објаснува на Трпана како цела вечер со Цветко биле во кафана… Трпана го слуша и ќути… И Цветко во плакарот ќути.

Повеќе...

Собирање

Наставничката го прашува малиот Трпе: – Трпе, колку се 5 + 5? – 11 наставничке! – Трпе, ај извади ги рацете од џеб и преброј повторно.

Повеќе...