Дома / Вицови / Плавуши (страна 3)

Плавуши

Кечап

Седат две плавуши во сендвичара, јадат хамбургери и едната и вели на другата:
– Сакаш бел или црвен кечап?

Љубовник

Прашуваат плавуша:
– Кој е поважен за вас, мажот или љубовникот?
– Мажот! Без него не можам да си го замислам животот со љубовникот.

Тапа викенд

Доктор ja прашува пациентката – плавуша:
– Со колку мажи сте имале сексуални односи во последно време?
– Петмина.
– Па, не е многу.
– Да бе да, тапа викенд.

Инстаграм

Иде плавуша на доктор и го прашува:
– Докторе,многу сериозно ги сфакам Твитер и Фејсбук, што да направам?
– Инстаграм.

Возачка

Сопира сообраќаен полицаец плавуша и ѝ бара возачка дозвола.
– Тоа е она со розева боја и што има моја слика?
Да и одговара полицаецот и ѝ ја бара и сообраќајната дозвола.
– А плавушата зачудена:
– Леле, пак алко-тест?

Оџачар

Разговараат две плавуши:
– Дали разбра, нашиот оџачар го прегазил автомобил?!
– Леле, страшно, повеќе ни на покрив не сме безбедни!

Искушение

Си седат две другарки плавуши и си разговараат и едната вели:
– Го изневерив маж ми на кожната столица и сега имам грижа на совест и сакам да ја продадам! Како ме советуваш?
– Ако гледаме така, мене ќе ми останат само лустерите.