Дома / Вицови (страна 51)

Вицови

Бос

Трпе му се доверува на Цветко:
– Викаат дека не требало да се гледаш со друга жена додека не се разделиш со сегашната.
– Е добро, кога одиш да купиш нови кондури, бос ли одиш до продавница?!

Кинески

Во метро вО Пекинг, момче и девојка чакале воз. Момчето со висок глас ѝ се обратило на девојката:
– Чу мин сјан дух фе!
Девојката замислено одговорила:
– Јан чин си фан…
Момчето се изнервирало и извикало:
– Дуа шин фу, дан фун мју, цјан шун гу зен!
Девојката со солзи во очите рекла:
– Жин гуан чуа ше, цу ен гун шан ху!
Како само внимателно читате, ќе помисли некој дека разбирате кинески!!!

Човекојадци

Разговараат тројца човекојадци. Првиот вели:
– Пред некој ден изедов еден Англичанец, слаб, исушен, тврд како ѓон. Одвај го дојадов!
Вториот:
– А јас пак изедов еден Германец. Дебел, мрсен, дебелогаз. Ми се згади!
Третиот:
– Е јас минатата недела јадев вистински деликатес! Посебна сорта: Македонски политичар. Почнуваш од главата, а таму место мозок, путер! Доаѓаш до кичмата, нема коски! А дури кога ќе дојдеш до задникот – внатре наоѓаш уште петмина!

Фичо

Некој човек возел со фичо над 100км на час низ град.
Го стопира полицаец и му вели:
– Двеста евра.
– Дај уште сто и твое е!

Помисла

Трпана и врти на Цвета по телефон:
– Цвето, да не е маж ми кај тебе?!
– Не, зошто?
– Слушнав почнал да оди по курви, па си помислив да не е кај тебе.

Чекање

Морнар од морнарско градче се враќа од долго пловење.
Испраќа писмо на жена си:
– “Шест месеци без секс во твој интерес е да ме чекаш на пристаништето.”
По некое време добива одговор:
– “По шест месеци без секс ќе те чекам на пристаништето, но во твој интерес е да искочиш меѓу првите!”

Крадење

Клечи Трпе во полско WC без врата. Поминува покрај него комшиката Цвета, го гледа и му вели:
– А бре Tрпe, една врата да ставеше.
– Е зошто мори Цвето, шо има да украдат?

Рецепт

Машки рецепт за сарма.
Потребни состојки:
– 1 зелка;
– 500 грама мелено месо;
– 1 шолја ориз;
– 1 жена.

Доказ

Во јавното обвинителство испрашуваат инспектор од УЈП:
– Како со платата на обичен инспектор изградивте ваква луксузна вила?
– Фатив златна рипка и таа ми исполни една желба.
– Како ќе докажете?
– Па не ли ја гледате вилата?

Изневерување

Цветко загрижен му кажува на Трпе:
– Пријателе, не знам како да ти кажам, но морам… Трпана те изневерува.
– Нема шанси! Мојата жена не е таква.
– Од кај знаеш?!
– Па таа мене не ми дава, што сме маж и жена, а камоли на некој друг!

Ризли

Иде Трпе во трафика:
– Ај едно паќетче кондоми Дурекс.
– Фала богу некој нешто да ебе, сите само ризли купуваат.

Развод

80 годишна баба седи на автобуската станица и нервозно притиска на копчињата на телефонот. Поминува млад човек и таа му вика:
– Дете, ќе можеш ли да ми напишеш една ЅМЅ порака, зошто не гледам добро?
– Може, што сакате да напишам?
– Пиши – “Свињо прљава, да не си се осмелил да ме бараш повеќе! Те напуштам, Одам кај мама!”