Ноќевање

Испратил: bruno | Категорија: Информатички

(97 , 14)

Се враќа мрежен администратор дома по 2 дена и жена му го чека на врата:
- Ајде сега да ми објасниш каде беше и што правеше!
Човеков сиот расеан вели:
- Види драга, вчера требаше да се одржи состанок на работа и чекавме додека дојде делегација од странство. Откако заврши состанокот, доцна вечерта почна да врне силен дожд. Една колешка што работи како секретарка требаше да си оди дома и јас ја префрлив со кола. Пред нејзината зграда, штом тргнав дома предната десна гума ми пукна. Земав да ја поправам ама многу врнеше и секретарката ме покани да влезам кај нејзе да се напијам чај со рум додека не преврне. Штом преврна си реков да тргнам накај дома ама видов долу полиција и што да правам… Пиев алкохол и ќе ме казнат веднаш, си реков. Колешката ми понуди да преспијам кај нејзе, па затоа се враќам денес.
На сето тоа жената му одговара:
- Е да бе, ти мене ќе ме лажеш. Цела ноќ си ја преседел у канцеларија на интернет идиот еден!

Мрежист

Испратил: bruno | Категорија: Информатички

(40 , 107)

Како мрежист ѝ се пушта на програмерка?
- Прави ping и чека да види дали ќе добие reply или пак destination host unreachable.

Разладување

Испратил: Evropa | Категорија: Виц на денот, Информатички

(126 , 48)

Како се разладуваат хакери?
- Десен клик, refresh.

Навистина

Испратил: NA4KA | Категорија: Виц на денот, Информатички

(393 , 29)

Wikipedia: Јас знам се!
Google: Јас имам се!
Internet: Без мене не можите!
Струја: Навистина?

Технологија

Испратил: Даријасофист к. вода | Категорија: Виц на денот, Информатички

(139 , 48)

На саем за компјутери Бил Гејтс повеќе пати ја споредувал компјутерската индустрија со автомобилската. Патем изјавил:
“Ако Џенерал Моторс беше во чекор со технологијата како што е случајот со компјутерската индустрија, ќе возевме автомобили кои што ќе чинеа 25 долари и со литар бензин ќе поминувавме 1000 километри”.

На ова Џенерал Моторс се огласи со соопштение до печатот:
Ако Џ.М. ја развиваше технологијата како Мајкрософт, сите ние ќе возевме автомобили со следниве карактеристики:
[Повеќе...]

Хардвер

Испратил: Стефани | Категорија: Информатички

(123 , 8)

Што е хардвер?
- Нешто што претрпува удари кога не работи софтверот.

Рефреш

Испратил: vicotekamk | Категорија: Информатички

(36 , 4)

Што прави програмер кога му е топло?
- Десен клик и рефреш.

Пијан гејмер

Испратил: vicotekamk | Категорија: Информатички

(22 , 15)

Влегува пијан гејмер со лаптопот во кафеана и му вели на келнерот:
- Келнер наточи 2 GB.

Супер проводник

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Информатички

(16 , 40)

Супер проводник оди да влезе у дискотека и вратарот му вика:
- Не може да влезеш!
Супер проводникот си оди без да пружи никаков отпор.

Формацевт

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Информатички

(15 , 12)

Се среќаваат двајца пријатели по долго време и се прашуваат:
- Ти, што правиш во животот?
- Јас сум формацевт.
- Аха, во аптека работиш?
- Не бе, форматирам дискови.

Бицепси

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Информатички

(8 , 5)

Разговор помеѓу интернет зависници:
- Абе, како ги направи тие твои бицепси, одиш на фитнес?
- Не, туку од сурфање по интернет.
- Како тоа, бе?
- Си вградив тег од два килограми во глувчето.

Слотови

Испратил: Vicoteka.mk | Категорија: Информатички

(13 , 2)

Како би изгледал порно филм доколку го режисира информатичар?
- Влага девојка облечена како HP сервер и вика: Момци, моите слотови се спремни за вашите хард дискови.

facebook twitter dailymotion youtube rss