Вицови

Јадење

Доаѓа тештата на Трпе кај него на вечера. По некое време на маса и доаѓа малиот Трпе и ја прашува: – Бабо за кого јадеш ти? – Како за кого? За мене си јадам внучко. – Зошо тато вика дека јадеш за тројца!

Повеќе...

Рогови

Се враќа мажот од службен пат и носи голем поклон за сопругата. Во рацете го држи поклонот и не може да притисне на ѕвончето на влезната врата. Се мачи да го докачи, се мачи… Поминува комшијата крај него и му вели: – Со роговите комшија. Со роговите!

Повеќе...

Потера

Полиција, по потера, успева да застане еден возач. Полицаецот излегува од возилото и му се обраќа на возачот: – Оддамна не сум се забавувал вака добро. Ќе те пуштам само ако имаш добар изговор. На тоа возачот му одговорил: – Жена ми пред три недели ме остави за еден полицаец. …

Повеќе...

Тоалет

Цветко работел како молер во куќата на Ферус Мустафов и му раскажувал на Трпе: – Леле Трпе, куќата му е супер уредена, а најјако е што во тоалетот има златна шоља! – Абе ајде, златна? – Да златна, сакаш да одиме да видиш?. Одат кај Ферус, ѕвонат на ѕвончето, излегува …

Повеќе...

Возач

Се шетаат дечко и девојка. До нив запира BMW X6, девојката ја повлекува раката и тргнува кон колата. – Мила, каде тргна? – Кај него, тој е богат! Човекот од колата се јавил: – Не доаѓам за Вас, девојко, туку за него. Јас сум неговиот возач!

Повеќе...

Часовник

Му подариле на еден македонски мафијаш златен Ролекс. Кога му го врачиле подарокот, тој го бендисал, но рекол дека не го разбира. Му објасниле дека всушност многу лесно се познава колку е часот – кога двете стрелки се горе е дванаесет, а кога се долу е шест и пол. Следниот …

Повеќе...

Созревање

Љубовното созревање на еден маж Кога имав 16 години, сонував да си имам девојка. На 18, конечно најдов. Но, немаше никакви чувства. Па решив да барам сентиментална и многу чувствителна девојка. На 21 година си најдов таква. Таа беше толку чувствителна што плачеше и за најмала работа. Таа плачеше по …

Повеќе...

Дедо Мраз

На Нова Година, Дедо Мраз ги испорачува подароците. Брза како луд да стигне на време, испотен се протнува низ еден оџак и што да види. Гола девојка спие откриена во креветот. Дедо Мраз си помислува: – Дали да ја искористам или не?! Ако ја искористам нема да стигнам на време …

Повеќе...

Пилот

Комитет за избор во војска формално го прашале Трпе: – Каде сакате да служите? – Сакам да бидам воен пилот! – Жалиме, ама имате проблеми со крвта. Ќе мора да изберете друга професија! – Противвоздушна одбрана! – Зошто противвоздушна одбрана? – Ако не можам да летам јас, никој нема да …

Повеќе...

Гласови

Се среќаваат стари пријатели: – Како си? – Одлично! Конечно се ослободив од гласовите што ми кажуваа што да правам. – Со лекови? – Не! Се разведов.

Повеќе...

Хор

Се среќаваат двајца стари пријатели: – Цветко, што правиш, како си? – Еве одам на проба од хор. – Хор?! Ти и хор? Што правиш таму? – Па, пиеме ракија, потоа преминуваме на пиво, па играме карти. – А кога пееш? – На враќање дома.

Повеќе...