Дома / Вицови (страна 11)

Вицови

Метла

Трпе се враќа дома камен пијан, а на вратата го чека Трпана со метла во раката. Трпе паѓа на колената, ги скрстува рацете како за молитва и со тажен глас и вели:
– Те молам немој да одлеташ… ова ми е последен пат, ти ветувам…

Време

Цветко го прашува Трпе:
– Колку долго си немал секс?
– 22 часа, 48 минути, 22 секунди… и 9 години.

Обетки

Влав купува обетки од “Се до 99 денари”.
Продавачката:
– За Св. Валентин?
– Едната да, другата за 8-ми март.

Резиме

Трпе на интервју за работа. Директорот го прашува:
– Во резимето ви пишува дека сте женет и имате 5 деца?
– Точно.
– А со рацете знаете ли нешто да правите?!

Автомобил

Некој бизнисмен сакал да му подари автомобил на еден пратеник.
– Знаете, јас не можам да прифатам толку вреден поклон…
– Добро тогаш да речеме дека сум ви го продал, за 20 евра. Може?
– Па ако е така, тогаш ќе земам 2.

Спремен

– Ѓубре едно, не можам да поверувам, дека си бил кај проститутка…
– Епа ти кога не даваш…
– А ти што не кажеш дека си спремен да платиш?

Мокри

Во бутик:
– Госпоѓо, овие банкноти се мокри!?
– Мажот ми многу плачеше кога ми ги даваше.

Часовник

Разговор помеѓу дваjца Роми:
– Од каде толку убав часовник?
– Тоа е подарок од сестра ми.
– Tи немаш сестра.
– Па немам, но така пишува на часовникот.

Мислење

Трпе оди на доктор:
– Што си таков во окото потечен бе?
– Од многу мислење инфекција ми се направи.
– E да бе, кај постои такво нешто? Kако тоа?
– Епа така, мислев дека жена ми ќе ме промаши со пепељарата!

Курс за мажи:

КУРС ЗА МАЖИ:
Уписите се во тек…..

1) Семестар…..
1. Научи да живееш без мајка ти (2000 часа)
2. Мојата невеста, не е мојата мајка (350 часа)
3. Сфати дека фудбалот е само спорт (500 Часа)
4. Не биди љубоморен на децата (50 часа)
5. Не тропај глупости, жена ти кога има гости (500 часа)
6. Како да го совладаш синдромот на даљинското (550 часа)

+ БОНУС
1. Не мочај околу WC шољата (150 саати+практична работа)
2. Како да преживееш настинка без драми и жалопојки (100 часа)

2) Семестар
1. Како да испеглаш маица и панталони, за помалку од 2 саата ( практича работа)
2. Нафрлање алишта, без губење на штипките (150 часа+практична работа)

3) Семестар
1. Почетнички степен со кујнските апарати ( приказ со дијапозитиви)
– ON——Уклучи….
– OFF—–Исклучи…

Пилот

„Ербас 380“ на лет преку Атлантикот. Лета со 800 километри на час, на 30.000 стапки, кога одеднаш се појавува „јурофајтер“ со „темпо Мах 2“.
Пилотот на „јурофајтер“ намалува и почнува да лета покрај „ербасот“, па го поздравува пилотот преку радио.
– „Ербас“, летот е досаден, нели? Чувај се и фрли еден поглед тука – вели пилотот и забрзува со „јурофајтер“, прави егзибиции, го врти на грб, ја пробива звучната бариера, се издигнува забрзано до големи височини, за веднаш да слезе речиси до морето. Повторно го бара пилотот на „ербас“ и го прашува:
– Како ти се чинеше ова?
Пилотот на „боинг“ му одговара:
– Доста импресивно, но сега ти погледни!
Пилотот на џет-авионот го гледа „ербасот“, но ништо не се случува, туку продолжи да лета право со истата брзина. По пет минути пилотот на „ербасот“ му вели на другиот пилот:
– Што ќе кажеш за ова?
Збунет, пилотот на џет-авионот го прашува:
– Што направи?
Другиот пилот се смее и му вели:
– Станав, си ги истегнав нозете, отидов во бањата, се напив кафе, каснав торта од цимет и закажав состанок со стјуардесата за наредните три вечери во хотел со 5 ѕвезди, платен од мојот работодавец.
Поуката на приказната:
Кога сте млади, брзината и адреналинот се чинат одлични. Но, како што стареете и станувате помудри, удобноста и мирот не се на одмет.