Личности

Трпе и Трпана, Мујо и Хасо, Цветко, Чак Норис.

Трауматологија

Трпе лежи на трауматологија и влегува докторот: – Како се здобивте со повредите на главата? – Епа си лежев дома во кревет со девојката и одеднаш се појави жена ми.

Повеќе...

Ќотек

Малиот Трпе го прашува малиот Цветко: – Те тепаа за кецот по математика? – Не. Се снајдов. – Е како? – Му ставив кондом на татко ми во џеб и цел ден мајка ми него му се дереше!

Повеќе...

Знаење

Се прибира Трпе дома, а Трпана нервозно: – Се’ знам гаду еден! – Така ли? Ај кажи колку притоки има Брегалница од левата страна?!

Повеќе...

Печурки

На час по биологија децата учеле за печурки и учителката ги прашува децата дали знат некои видови на печурки. Цветко: Лисичарка. Учителката: Браво Цветко, друг? Столе: Буковка. Учителката: Браво, друг. Трпе: Јас знам учителке, дупач! Учителката: Па добро бе Трпе, каде имаш видено таква печурка, како не ти е срам? …

Повеќе...

Срца

Попот го сретнал Трпе и му вели: – Денеска венчав три пара, и сега седум срца се исполнети со радост! – Попе, сакаш да кажeш шест срца. – Ти да не мислиш дека ги венчав без пари?!

Повеќе...

Доверба

Трпана го прашува Трпе: – Драги, ми веруваш, нели? – Да душо, се разбира дека ти верувам. – Знаеш дека никогаш не би те излажала, така? – Секако! – Бандерата на паркингот ме удри додека паркирав!

Повеќе...

Штрк

Малиот Трпе ја прашува мајка си: – Мамо, што прави штркот, од кога ќе го донесе бебето? – Лежи на троседот, гледа фудбал, пие пиво и игра на компјутерот!

Повеќе...

Крава

Малиот Трпе ја прашува мајка си: – Мамо каде е кравата на тато? – Што збориш сине, татко ти нема крава. – Е како нема, кога прееска и кажа на комшивката дека има подобро тело од неговата крава!

Повеќе...

Лов

Трпе отишол на лов и по една недела се јавува дома: – Жено тука се е добро, како е дома? – Дома е се во ред, што се случува? – Нема да јадеме месо цел месец! – Ауу, зарем улови некој елен? – Не ја испив цела плата.

Повеќе...

Мамурлак

Сессат Цветко и Трпе во некој бар, Трпе зима пијачка и му вика на Цветко: – Оваа е последна за мене. Ако продолжам да пијам сабајлето ќе бидам утепан. И кај тебе е исто? – Не, јас сум ерген!

Повеќе...

Машко или Женско

Малиот Трпе ја прашува мајка си – Мамо, кога ме правевте што сакаше да бидам машко или женско? Мајката одговара: -Сине, јас сакав само да гледам филм !

Повеќе...