Дома / Вицови / Полицајски (страна 3)

Полицајски

Близнаци

– Добар ден… – Добар ден, извинете, дали сте близнаци? – Не, зошто прашувате? – Па, мајка ви исто ве облекла, баш сте слатки! – Господине, ве молам излезете од автомобилиот и донесете ја возачката и сообраќајната дозвола!

Повеќе...

Полицајци во кино

Началникот ги кара двајцата полицајци: – Како можеше да ви избега криминалецот? – Абе шефе, таман го стигнавме тој влезе во едно кино. – А вие зошто не влеговте по него? – Тој филм го имаме гледано…

Повеќе...

Прекршок

Полицаец запира плавуша за прекршок. Полицаецот: – И сега што правиме? Плавушата: – 500 денари или да ги соблекувам гаќите? – Дај 500 денари, зошто гаќите може и да не ми се фатат.

Повеќе...

Возачка

Полицаец сопира возач: – Возачката ве молам! – Повелете! – Дали имате пиено, Павле? – Е од каде сега Павле? – Па Апостол, така пишува?! – Абе тоа ми е иконата во возачката.

Повеќе...

Молив

Оди полицаец во книжарница да купи за син му молив и ја прашува продавачката (плавуша): Полицаецот: Имате ли молив за четврто одделение? Продавачката: А сакате за прва или за втора смена?

Повеќе...

Затвор

Дошол нов полицаец во затвор како чувар, а шефот го предупредил дека има проблематични затвореници. На тоа, новиот чувар рекол: – Нема гајле, кој не слуша, ќе лета надвор!

Повеќе...

Казна

Полицаец го сопира Трпе: – Господине направивте прекршок ќе мора да ве казнам со 20 евра казна. – Ма нема проблем, вчера ваш колега за помал прекршок ми ја зема дозволата.

Повеќе...

Полицаец од гомно

Едно дете играло со гомно и минува полицаец и го прашува: – Што правиш бе? – Правам полицаец од гомно. Ќотек, ќотек… Наредио ден пак исто: Ќотек, ќотек… Третиот ден полицаецот го прашува: – Пак ли правиш полицаец од гомно? – Не бе чиче, од секое гомно не бидува полицаец.

Повеќе...

Дување

Полицаец сопира кола за проверка. Од колата излева маж, кој едвај стое на нозе. Полицаецот: – Опаа, некој убаво се напил, ај дувни малку во апаратот! Човекот ваде 1000 денара и му ги дава. Полицаецот: – Така… ај уште еднаш дувни! Човекот ваде уште 500 денара и му ги дава. …

Повеќе...

Има ли некој

Шефот на полицајците оди порано во полицијата и на влез го прашува дежурниот: – Има ли некој во зградата? – Има. – Кој? – Јас. – Не бе, идиот! Прашувам, има ли некој друг освен тебе! – Да. – Кој? – Вие.

Повеќе...

Англиска кола

Полицаец запира автомобил за проверка. – Добро вечер! – вели полицаецот. – Дооообрро вечер – одговара возачот на возилото. – Вие како да сте пиеле алкохол ми се чини? – Пиев, пиев… дааа… – Што пиевте и колку? – Па денес ја мажев ќерката и пред церемонијата со пријателите испивме …

Повеќе...

Меланхолија

Двајца полицајци се шетаат по еден мост. – Знаеш дека вчера од овој мост се фрли една жена. – Од меланхолија ли? – Не, велат била од битолските села.

Повеќе...

Таман

Полицаец застанува возач, и му бара лична карта, возачка дозвола… Меѓу другото, полицаецот прашува: – Господине, да не сте пијан? – Не. – Па, гледам дека не сте ни трезен. – Не сум ни трезен господине полицаец. – Па каков сте? – Таман.

Повеќе...