Дома / Виц на годината

Виц на годината

Бар

Еден човек влегува во супер High-Tech бар и гледа дека зад шанкот стои робот, наместо шанкер. Човекот оди до барот, а роботот го прашува:
– Колку е вашето IQ?
Човекот одговара:
– 150.
Роботот веднаш го послужува со 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, влијанието на околината, квантната механика, нанотехнологијата и др.
Човекот е многу импресиониран од вечерта и затоа другата вечер решава да го тестира роботот.
Кога роботот го прашува за неговото IQ, тој вели 80. Веднаш роботот му служи пиво и му зборува за фудбал, омилени јадења, жени и сл.
Уште повеќе заинтригиран, човекот повторно се враќа следната вечер. Роботот го прашува:
– Колку е вашето IQ?
Човекот одговара:
– Паа? околу 15.
Тогаш роботот му сервира еден голем чоколаден сладолед и го прашува:
– И, брат, што велиш, пак за СДСМ или ВМРО ќе гласаме, а?

Виц на годината (2019)

Трпе од Кавадарци

Трпе и Трпана се заминале за Њујорк на гости кај синот. Се качиле во едно такси и возачот ги прашува:
Возач:”Where are you coming from?”
Трпе: “From Macedonia”
Трпана: “Шо вика, шо вика?”
Трпе: Не праша од каде сме, му кажав дека доаѓаме од Македонија.
Возач: “Which town?”
Трпе: “Kavadarci”
Трпана: “Шо вика, шо вика?”
Трпе: Прашува од кој град, јас му кажав дека сме од Кавадарци.
Возач: “I had the worst sex in Kavadarci.”
Трпана: “Шо вика, шо вика?”
Трпе: “Те познавал”

Виц на годината (2018)

Скопје 2070

1 септември 2070 година. Прв училишен ден во едно Скопско училиште.
– Мустафа Ел Ек Зери?
– Тука!
– Ахмед Ел Кахир?
– Тука!
– Кадир Сел Олми?
– Тука!
– Мехмед Ѓулбен?
– Тука!
– Фадира Захри?
– Тука!
– Мих Аилма Нев?
Никој не одговара.
– Прашав Мих Аилма Нев?
– Учителке можи да сум јас, ама јас сум Михаил Манев.

Виц на годината (2016)

Инженери

Во еден бар биле тројца инженери, едниот Македонец, другиот Германец и третиот Американец. Приоѓа Македонецот и им вика:
– Добар ден, што ќе се напиете!?

Виц на годината (2014)

Близнаци

– Што има брате? Од кај си?
– Од Македонија!
– Е? Супер, и јас сум од Македонија. Да мавнеме по една за Македонија?
И пијат една тура заедно. Првиов пак прашува:
– А, од кај од Македонија?
– Од Охрид.
– Ух, Охрид!! Браво друже и јас сум од Охрид! Дај да мавнеме уште по една тура за Охрид!!
– Како се викет мајкати и таткоти?
– Трајан и Гордна!! Аман бе и мојте така се викет ај да мавниме уште по една за нив!!!
Се напиле уште една тура кога првиов пак:
– А,во кое школо си учел средно?
– Па, матурирав тука одма кога ќе излезеш, лево.
– Леле, и јас! Дај уште по една чашка!
И така пијат уште две тури, кога во кафаната влегол некој стален гостин па го прашува келнерот:
– Па, што има денес?
Келнерот му одговара:
– Ништо друже, близнациве пак се камен пијани!

Виц на годината (2013)

Исто

Во некое село некоја баба чувала 2000 овци. Дошла некоја репортерка да и направи интервју:
– Бабо, како успевате да се снајдете со волку многу овци?
– Ќерко, цел живот чувам овци, сум се навикнала.
– А бабо, колку ви тежи една овца?
Бабата вратила со прашање:
– Црната или белата?
– Па да речеме белата.
– 30 килограми.
Новинарката љубопитно прашала:
– А црната?
– Па исто.
– Добро, а колку млеко дава една овца?
– Црната или белата?
– Да речеме, црната!
– Па 2 литри млеко.
– А белата?
– Па исто.
– А колку волна добивате од една овца?
– Црна или бела?
– Бела!
– 3 кила волна.
– А од црната?
– Па исто.
Новинарката видно се изнервирала и сакала да ја зезна бабата, па ја прашала:
– А бабо, која е разликата помеѓу црните и белите овци?
На тоа бабата одговорила:
– Па белите се мои.
– А црните?
– Па исто!

Виц на годината (2012)

Новчаник

Јавља се кумановац у радио и вика:
– Ја најде новчаник!
– Добро и што најде у њега?
– Па имаше 1500 евра, 150 000 ден. и лична карта на име Зоран.
– И добро, што сакаш с`г?
– Па, ако може една песна за Зокитаааа!!!

Виц на годината (2011)

Ѕид

Македонец, Србин и Грк фаќаат златна рипка. Златната рипка им вели: – Ако ме пуштите ќе ви исполнам по една желба на сите. Нормално сите се сложиле…
Србинот: – Јас сакам во мојата земја сите да бидат богати.
Златната рипка: – Договорено.
Гркот: – Јас сакам да изградиш ѕид околу Грција, бидејќи не сакам да ги гледам нашите соседи.
Златната рипка: – Готово, ѕидот е ставен околу цела Грција.
И на крајот Македонецот ја прашува златната рипка:
– Дали ѕидот е водоотпорен?
– Да, одговорила рипката.
– Полни!

Виц на годината (2010)