Дома / Вицови

Вицови

Фобија

Докторот му вика на Рамче:
– Рамче, вие имате фобија!
– Немам докторе, ама брат ми има октавија!

Собирање

Наставничката го прашува малиот Трпе:
– Трпе, колку се 5 + 5?
– 11 наставничке!
– Трпе, ај извади ги рацете од џеб и преброј повторно.

Глас

– Докторе, жена ми ја боли грлото и го изгуби гласот, што да правам?
– Уживај човеку, уживај!

Плачење

– Трпано, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?
– Ќе плачам Трпе, знаеш дека за секоја ситница плачам.

Цариник

Починал некој цариник и оди кај Свети Петар и го прашуваат:
– Сакате да одите во рајот или во пеколот?
– Па, јас би сакал некаде измеѓу, ако може на граница.

Штрафови

Мајката на Цветко му вика на Цветко:
– Сине, ти спакував леб, шунка и штрафови.
– Зошто мамо?
– Па ако огладнеш, да јадеш леб и шунка.
– А штрафовите?
– И нив ги спакував.

Урина

Баба носи урина на контрола.
– Бабо, ова што имате донесено е зејтин!
– Зејтин? Значи затоа ми изгореа мекиците сабајле…

Прозори

Вчера баба ми ги бришеше прозорите…
Денес, се стемни 2 саати порано!

Виледа

Трпе оди со плавуша на кафе и гледа дека масата е прљава, доаѓа келнерот и му вика:
– Ако може една виледа.
Плавушата на тоа додава:
– И за мене исто!

Кондури

Влегува Цветко во продавница за обувки и прашува:
– Извинете, колку пари се кондуриве?
– 24.490 денари.
– Епа дајте ми 100 грама!

Болест

Трпе не се чувствувал добро и отишол на доктур. Доктурот го прегледал и му кажал дека е болен од рак и дека му остануват само неколку месеци живот.
Надвор го чекал неговиот син, Трпе му ја кажал страшната вест и додал:
– Ај сега да одме во кафанта да се натрескаме па кај пукло нека пукне.
Отишле двајцата во кафанта и почнале да џиркат ракија. По едно време се појавил некој пријател на таткото и ги питал зошто џиркат толку ракија.
Трпе му одговорил:
– Доктурот ми кажа оти сум болен од сида и оти ми останават само неколку месеци живот. Затоа пијме.
Кога пријателот си заминал, неговиот син го питал:
– А бе татко, нели рече дека си болен од рак, зашо сега зборуваш за сида?
– За да не а ебат мајка ти од коа ќе умрам…

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во уши.
Бев убеден дека слуша музика, се додека после 20 минути не рече:
– Љубов, може ли јас нешто да кажам?