Дома / Вицови (страна 48)

Вицови

Точно

Бизнисмен си купил џип 4х4 и го паркирал пред зградата во која живее.
Во текот на ноќта локалниот пијаница Трпе случајно го здогледал натписот 4×4, извадил шајка и допишал 4х4 = 16.
Наредниот ден сопственикот бесен го однел џипот на сервис за да му го префарбаат тој дел.
Следната ноќ се повторило истото и така цела недела.
Конечно бизнисменот се сетил и си нарачал во автосервисот натпис 4х4 = 16 и задоволен си го паркирал џипот пред зградата.
Вечерта кога пијаницата го видел новиот натпис, ја извадил шајката и напишал „ТОЧНО!“

Оглас

Некоја плавуша оставила оглас на сајт за запознавање:
– Висока – кога сум на потпетици!
– Добра – ако не ме налутиш!
– Умна – ако не поставуваш глупи прашања…
Некој дечко додал коментар на ова:
– Убава – ако не запалиш светло!

Венчаница

На вeнчавка, свекрвата и дофрла на невестата:
– Ќерко, венчаницата не ти е баш убава…
А невестата на тоа:
– Не се секирај, следниот пат ќе биде поубава!

Бис

Во село дошол театар. Претставата завршувала со сексуален однос, а уметниците се срамеле да го одиграат пред толку стари луѓе. Одлучиле да ги поканат Трпе и жена му да ја одиграат сцената. Трпе и Трпана се согласиле и на излегување од дома Трпана му рекла на Трпе:
– Трпе, ајде да го земеме и комшијата!
– Е зошто ни е и комшијата, ма!?
– Па ако не вратат на бис, ти не можеш да повториш!

Грчко село

Македонец поминува низ едно грчко село и гледа свадба. Седнува да се најаде и напие и гостејќи се
започнува разговор со човекот што седи до него:
– Види ја невестата, со мустаќи, не можеш да познаеш дали е маж ли е жена!
– Ако уште еднаш слушнам нешто лошо за ќерка ми, ќе те убијам! – Нервозно го предупредил човекот.
– Оооф, извини, не знаев дека вие сте таткото на оваа убава девојка!
– Е сега ќе те убијам, јас сум мајката…

Пасење

Трпе отишол на доктор за дигестивни проблеми, по прегледот докторот му препишува диета:
– Значи вашата диета е следна:на ден по 400 грама лист од зелка, 300 грама цвекло и Може да јадеш колку сакаш листови марула.
– Докторе, а ѕвонче на врат треба да си го врзам сам или може и без него да пасам?

Удар

Влав иде на прв состанок во ресторан со некоја девојка. По оброкот ја прашува:
– Дали сакаш да си играме улоги?
– Ууу возбудливо, што имаш на ум?
– Ти глумиш срцев удар и си одиме без да платиме!

Состанок

Трпана ја прашува ЦветаЧ
– Како помина на состанокот? Раскажувај!
– Ужас, маж ли е тоа.
– Што сторил?
– Кога дојде сметката побара да ја платиме по пола!
– Го разбирам, те видел колку пиеш!

Рутер

Плавуша прашува на женски форум:
– Здраво девојки, од некаде фаќам WIFI со име “30СМ” дали знаете како да дознаам во кој стан е рутерот?

Роденден

Влав се јавува во брачно советувалиште:
– Ало, советувалиште за брачни парови?
– Да, повелете.
– Како да го обележам најевтино роденденот на сопругата?
– Во календар со сино пенкало!

Гостилница

Дедо и баба на 70-тина годишна возраст, посетуваат омилени места од младоста. Седат во гостилница и разговараат. Бабата вели:
– Се сеќаваш ли дека во ова село ја имавме најдобрата партија таму до оградата на старата мелница? Како бик ме работеше…
Дедото дури ѝ нуди и сега да се обидат, како за споредба. Бабата е во добро расположение и двајцата тргнуваат со бастунчињата кон воденицата. На соседната маса маж си пие пиво и го слушнал разговорот. Одлучил дека тоа не е глетка за пропуштање и ги следел до воденицата, со претчувство за голема шега. Старците стигнуваат и дедото ги соблекува панталоните, а бабата си го крева здолништето, свртувајќи се со лицето кон оградата и се потпира на неа. Дедото не губи ни секунда и започнувааат луд сеkс, едни движења, едни вртелешки, таква флексибилност, како на 18 годишни љубовници. Бабата турка назад, дедото турка напред, двајцата се тресат од задоволство и екстаза, “О, Боже!” Човекот од гостилницата гледа, се поти и не може да поверува на своите очи. А старците не престануваат, додека конечно и двајцата не паѓаат на земја и едвај дишат од замор, ама се гледаат очи во очи, како млади вљубени. Сведокот на случката не издржал и оди кај нив:
– Луѓе, јас таков секс досега во животот не сум видел! На ваши години… 35 минути… ти ја скина, бе! Ти ја пукна бе брат! Сакам да ја дознаам твојата тајна!
Дедото едвај наоѓа сили и промрморува:
– Ти од селово ли си?
– Да…
– А бе, вие нормални сте? Кој пуштa бе ваква јака струја по огради?!

Стик

Рамче му раскажува на Трпе:
– Сабајлево си купив стик Нивеа!
– И?
– На упатството пишуваше да го отворам и да го стиснам од позади…
– Добро…
– И сеа многу ме боли кога пешачам, ама па кога ќе прднам многу убаво мириса!

Преглед

Трпе оди кај уролог:
– Докторе, мора ли за преглед на тестиси да ми ги врзувате рацете!?
– Не! Ама многу ме нервира кога некој ќе ме погали по коса!