Дома / Вицови (страна 110)

Вицови

Гевѓелиски Изрази

Литературно – Здраво како си?
Гевѓелиски – Здраво как си бе?
Литературно – Не се согласувам со тебе
Гевѓелиски – Не са сљажум со тебе
Литературно – Падна по скалите
Гевѓелиски – Са истури по скаљте
Литературно – Браво
Гевѓелиски – Чистито нек тее
Литературно – Се шегуваш со мене?
Гевѓелиски -Са зајбавиш су мене?
Литературно – Не претерувај!
Гевѓелиски – Не ми диги нервите!
Литературно – Госпоѓо/госпоѓице
Гевѓелиски – МУРИ/МА.

Компромис

Разговараат двајца службеници:
– Денес му поставив ултиматум на шефот: „Или ќе ми ја зголемиш платата, или ќе ја напуштам фирмата“.
– И, како заврши разговорот?
– Постигнавме компромис. Ниту тој ми ја зголеми платата, ниту јас ја напуштив фирмата.

Инает

Си биле тројца пријатели си седат во кафаната, си пијат ракија и се расправаат.
Првиот вели:
– Јас сум таков инает што жената кога ќе ме налути по еден месец не и зборувам.
Вториот вели:
– А јас сум толку инает што кога ќе ме налути по три месеци не и зборувам.
Третиот:
– Јас сум таков инает што жената ме налути уште на првата брачна ноќ и уште не сум ја е… до сега, веќе 15 години!
Другите двајца:
– Доста бе, 2 деца имаш!
– За инает не ја прашувам од кого се.

Маса

Трпана го фаќа Трпе во кафич со комшивката:
Трпана: Што има помеѓу вас?
Трпе: Една Маса и 2 кафиња.

Такси пациент

Двајца психијатри прават муабет. Едниот му вели на другиот:
– Колега, имам еден интересен пациент. Секој ден во 15:00 ч. иди кај мене на работа и ми вели дека е такси.
– Навистина интересно. И, како го лекуваш?
– Практично. Го терам да ме качи на грб и да ме однесе дома.

Цена за вадење заб

Заболекар му вели на пациентот:
– За вадењето на забот ми должите 400 денари.
– Е зошто? Па на ценовникот пишува само 100 денари.
– Да, ама со вашето викање ми ги избркавте тројцата пациенти што чекаа во чекалната.

Дегустатор

Умрел дегустаторот на позната фирма, производител на вино, и бил објавен оглас за вработување на нов дегустатор. За тоа работно место се пријавил некој тежок пијандура. Директорот на фирмата долго размислувал како да го откачи. Му дале чаша вино на пијаницата, да го оценат колкаво е неговото познавање.
– Мушкат, три години старо, стоено во челична бочва. Низок квалитет, но прифатлив. – ко од пушка одговорил типот.
– Точно, – вика директорот, – дајте му уште една чаша за проба!”
– Каберне, 8 години старо, храстова бочва, ферментира на 8 степени целзиусови. За три години ферментација ќе ги покаже најдобрите резултати!”
– Точно!
И третата чаша бргу му ја дале.
– Бело шампањско вино – Пино, висок квалитет, ексклузивен! – ладнокрвно одговорил пијаницата.
Директорот е видно запрепастен, гледајќи го кандидатот со изгубен поглед, а тогаш му текнало како да се откачи од него. И’ намигнал на секретарката и нешто и’ шепнал, па она излегла од собата и покасно се вратила со чаша полна урина. Пијаницата пивнува, фрла уште еден поглед на чашата и вика:
– Плавуша, 26 години. Три месеци трудна и ако не ме вработите, ќе кажам кој е таткото!

Парични проблеми

Во ординација лекарот прашува една госпоѓа:
– Зошто вашето дете толку многу вреска?
– Поради парични проблеми.
– Извинте госпоѓо, мене не ми е јасно како може дете од 3 години да има парични проблеми?
– Може докторе – детето голтна 1 денар.