Дома / Вицови (страна 90)

Вицови

Газење

Си бил некој слон и згазнал на една мравка.
Слонот: – Мравке извини.
Мравката: – Е ништо де, и мене можеше да ми се случи.

Кармин

– Уф бре матер ти ебам, пак остави кармин на филџанот.
– Ама тоа е нормално бе тато!
– Не е нормално Трпе, не е нормално… Живи не изеде!

Син

Му се родил син на Рамче и целиот среќен оди до болницата за да го види. На влезната врата не го пуштиле да влезе, па застанал под пенџерето и почнал да вика:
– Неџмиеее… Неџмии…
– Што се дереш Рамче? – извикала жена му.
– Личе ли на мене?
– Неее…
– А на тебе?
– Неее…
– На татко ми?
– Ма јок!
– А на татко ти?
– Уште помалку.
– Епа на кого личе?
– Што ќе ти кажувам кога и онака не го познаваш човекот.

Службена кола

Трпе работел во мртовечница и една вечер и звони на мобилен на Трпана: – Маче, каде си?
Трпана: – Еве дома.
Трпе: – Ај ќе дојдам да те соберам да шетаме негде.
Трпана: – Па нели колата ти е на мајстор?
Трпе: – Па ќе одиме со оваа од работа што ми е…
Трпана: – Аууууууууууу не се возам јас во таа кола…
Трпе: – Мори глупачо, луѓе умираат да се возат во таа кола, ти нејќеш….

Кебапи

Зошто босанец јаде кебапи?
– Па не се живее од воздух, мора нешто да се јаде.
А зошто босанец јаде бурек?
– Па да смени малце… нема да јаде само кебапи.

Такси

– Здраво може едно такси?
– За?
– За мене.
– Мислев до каде ќе одите?
– Аа па до кај сестра ми.

На шефот

Разговараат две плавуши:
– Вчера го промашив женското ВЦ и влегов во машкото. Замисли му го видов пенисот на шефот.
– И каков му е?
– Па за мој вкус премногу киселкасто – солен.

8-ми март

Три жени во последен момент решиле да го прослават 8-ми март.
Не успеале да најдат место во ресторан, па си купиле пиење и отишле во гробишта.
Се напиле и се вратиле дома.
Мажите им биле пријатели и се сретнале другиот ден.
Едниот рекол:
– Мојата жена има љубовник! Сигурен сум! Донесе букет цвеќиња дома!
Другиот:
– И мојата сигурно има, и она донесе букет цвеќиња.
Третиот маж:
– На вас ви е лесно… Мојата има многу! Се прибра сношти и донесе цел венец на кој пишува – “Од колегите”

Срам

Колку пати во животот жената поцрвенува од срам?
– Пет пати.
Прв пат: кога и е првпат.
Втор пат: кога прв пат ќе го изневери мажот.
Трет пат: кога прв пат ќе и платат.
Четврти пат: кога прв пат таа ќе плати.
Петти пат: кога ќе плати, а ќе и ги вратат парите.

Колачиња

Колачиња се печеле во фурна:
Едното рекло: Оф, многу е жешко!
Другото: Оф, колаче што зборува!

Сексуално образование

Учителката ги прашува децата како доаѓаат бебињата на свет.
– Штркот ги носи учителке. – рекло едно дете.
– Не, не, таткото и мајката прво треба да се бацуваат па после доаѓа детето на свет.- рекло друго дете.
Тогаш малиот Трпе дига два прста:
– Учителке, а може ли ние што сме дупеле да излеземе надвор, да не слушаме вакви глупости