Вицови

Ѕвезда

Ноќ. Двајца заљубени седат на клупа во паркот. Дечкото: – Еј, гледај срце, ѕвезда шо паѓа, посакај нешто! – Сакам да се омажам за тебе! – Ааа, не била ѕвезда бе, авион бил.

Повеќе...

Цигари

Влегува Цветко во продавница, си купува цигари, ги отвара и пали една. Продавачот му вика: – Извинете господине, тука не се пуши! – Е како продавате цигари, а не се пуши? – Епа, ние и тоалетна хартија продаваме…

Повеќе...

Желба

Во радио емисија во живо: – Здраво, јас сум Трпана и сакам на мојот шеф Цветко да му посакам за нова година дедо мраз да му донесе една торба со презервативи. Водителката: – Сигурно му посакувате многу секс во новата година? – Не, сакам такви идиоти да не се размножуваат …

Повеќе...

Петелот, мачорот и кучето

Во дворот на една селска куќа седат петелот, мачорот и кучето. Петелот вели: – Доста ми е од се`. Утре ве будам за последен пат и си го фаќам патот. Кокошки повеќе нема, храна нема… нема зошто да седам повеќе јас овде. Мачорот: – И мене ми е доста од …

Повеќе...

Секс на прилепски начин

Позади МТВ проститутките се наредиле и чекаат клиенти. Доаѓа еден дечко со фиќо и ги прашува: – Има ли некоја која се согласува да имаме секс на прилепски начин? Сите се погледнуваат, никоја не знае каков е тој секс на прилепски начин. Една од новите и неискусни проститутки се согласува. …

Повеќе...

Просење

Двајца Македонци просат во Европа. Едниот му се жали на другиот: – Добро, не ми е јасно зошто тебе повеќе пари ти оставаат и на крајот собираш многу повеќе од мене. – Дај да видам што ти пишува на картонот? – Еве: „Болен сум, невработен, татко на три деца, ве …

Повеќе...

Перверзен татко

Трпе и Трпана занесени заборавиле да земат презерватив, па Трпе гол истрчал до тоалетот по презерватив, кога во ходникот го сретнал малиот син. – Тато што правиш? – Ништо сине, ја бркам мачката. – Аман бе тато колку си перверзен, мама не ти е доволна?

Повеќе...

Елката гори

Малиот Трпе вика на мајка му: – Мамоо елката горииии! – Не се вика гори сине, се вика елката свети. – Епа добро тогаш и завесите ти светат да знаеш.

Повеќе...

Прекидач

Влегува Трпе пијан дома и со раката шара по зидот за да го најде прекидачот. Трпана од креветот: – На лево, малку десно, сега горе, подолу, подолу… Од другата соба се јавуе мајка и: – Ќере, не го мачи човекот, фани го со рака.

Повеќе...

Полицаец од гомно

Едно дете играло со гомно и минува полицаец и го прашува: – Што правиш бе? – Правам полицаец од гомно. Ќотек, ќотек… Наредио ден пак исто: Ќотек, ќотек… Третиот ден полицаецот го прашува: – Пак ли правиш полицаец од гомно? – Не бе чиче, од секое гомно не бидува полицаец.

Повеќе...

Свекорот и снаите

Во некое село некој богат свекор болен во постела, а трите снаи стојат околу него и го гледаат. Што и да побарал тие веднаш му носеле. – Месо, сакам месо !! – извикал свекорот. – Пржено, печено, шунка, пршута…? – прашала првата снаа. – Пршута – рекол свекорот и снаата …

Повеќе...

Заб

Докторот му вика на Цветко: – Ви го извадив забот што ве болеше. Не треба да јадете во наредните два часа. – Докторе, со овие твои цени, нема да јадам наредните два месеци.

Повеќе...