Полицаец го сопира Трпе: – Господине направивте прекршок ќе мора да ве казнам со 20 евра казна. – Ма нема проблем, вчера ваш колега за помал прекршок ми ја зема дозволата.
Повеќе...Мексико сити
Цветко отишол во Максико Сити и го сретнува некој странец и го прашува: – Мексико Сити? – Не бе, Цветко сум!
Повеќе...Муабет
Полицаец и прави муабет на плавуша: – Како се викаш? – Моника без “в”. – Па во Моника нема “в”… – Епа тоа ти викам бе глуп еден!
Повеќе...Додворувачи
Трпана оди кај гатачка: – Леле тетке, имам двајца додворувачи. Кој ќе има среќа? – Среќа ќе има Цветко, оти Трпе ќе те земе!
Повеќе...Преобразба
Трпана гледа низ прозор и одеднаш како попарена трча во кујна и му вика на Трпе: – Прекини да ги миеш садовите, соблечи ја престрилката, земи весник и легни на каучот. – Душо што ти стана? – Ништо, мајка ти иде…
Повеќе...Останување
Трпе ја прашува Трпана: – Ако умрам, ќе си најдеш ли нов маж? – Не срце, ќе останам со сестра ми. А јас ако умрам ќе си најдеш ти нова жена? – Не душо и јас ќе останам со сестра ти.
Повеќе...Ракија
Цветко му се јавува на Трпе и му вика: – Абе со две женски сум на Водно доаѓај одма, те чекам кај втората платформа. – Добро, добро доаѓам одма, чекај ме. И се среќаваат горе и Трпе го гледа Цветко се вртка сам наоколу. – И кај се сега? – …
Повеќе...Нешто важно
Се шетаат Трпе и Цветко низ пазар и Трпе му вели: – Цветко имам нешто важно да ти кажам. – Кажи де. По две секунди му звони телефонот на Цветко и гледа бројот на Трпе и му вели: – Зошто ми ѕвониш? И Трпе му одговара: – Па важно е, …
Повеќе...Право
– Колега, ти нов ли си? – Да, денес ми е прв ден. – Што имаш завршено? – ПРАВО! – Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.
Повеќе...Пискање
Го сретнува Трпе комшијата сабајле и му вика: – Комши, слушна ли синоќа Трпана како пискаше? Е така треба ако си маж! – Ооо… ти да ја слушнеш како писка кога си на пат!
Повеќе...Лесно ти е
Човек кој пелтечи кон свој пријател: – Ббббрат, ззззаббборрррави ја тттаа ккккучччка, ннне те зззассслужжжува она тттебе! – Да бе, лесно ти е тебе да кажеш!
Повеќе...Спонзоруши
Седат две спонзоруши во кафетерија, доаѓа келнер и прашува: – Што ќе се напиете? – А од кого е?
Повеќе...Убави места
Седеле Трпе, Цветко и Стојко во кафана и паднало муабет за бабите (тештите). Цветко: – Бабата кога почина ја закопаме под еден стогодишен даб, многу убаво место. Стојко: – И јас и најдов убаво место на бабата кога почина, под еден орев, сенка дебела. Трпе го вади телефонот и ѕвони: …
Повеќе...Среќен
Трпана му зборува на едногодишниот син: – Да знаеш ти колку си среќен, си се наспа, стана, се најаде, си поигра, сега ќе се искакаш и пак ќе си легнеш… Од WC-то се јавува Трпе: – Епа што сакаш мори, недела е….
Повеќе...
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија