Дома / Вицови (страна 102)

Вицови

Простата

Се среќаваат двајца пријатели, од кои едниот пелтечи:
– Ккккаааккко ссси? Ооодамна не сссме ссе виделе.
– Еве, имам проблем со простатата и се мачам со неа.
– Шшшштооо еее ттоа?
– Мочам како што ти зборуваш.

Кечап

Седат две плавуши во сендвичара, јадат хамбургери и едната и вели на другата:
– Сакаш бел или црвен кечап?

Развод

Бракоразводна парница во суд.
Трпана:
– Инсистирам за развод! Тој, без мое знаење, продаде сè: од фрижидерот до тавите, а парите ги испи.
Трпе:
– Јас, во мојата одбрана, сакам да кажам дека оваа „идеална домаќинка“ дури по две недели дозна дека го нема фрижидерот, шпоретот и тавите!

Тврд леб

Се среќаваат двајца пензионери. Едниот носи леб. Другиот го прашува:
– Тврд ли е?
– Не е.
Другиот го чепка лебот и вели:
– Како не е!
– Од каде да знам за што ме прашуваш.

Вага

Бабата му вели на внучето:
– Чедо, на оваа новата вага, каде ми ги пишува килограмите?
– Бабо, слегувај веднаш од таблетот!

Пластична операција

– Трпе, убава ли сум вака нашминкана?
– Трпане, тебе не ти требе шминка за да бидиш убава!
– Ооо, Трпе колку си мил!
– Тебе ти требе пластична операција!

Вештерки

Синот го прашува таткото:
– Тате, нели вештерките ги има само во приказните?
Таткото погледнува кон кујната:
– Едно време и јас така мислев…

Ѕвезда

Ноќ. Двајца заљубени седат на клупа во паркот. Дечкото:
– Еј, гледај срце, ѕвезда шо паѓа, посакај нешто!
– Сакам да се омажам за тебе!
– Ааа, не била ѕвезда бе, авион бил.

Цигари

Влегува Цветко во продавница, си купува цигари, ги отвара и пали една.
Продавачот му вика:
– Извинете господине, тука не се пуши!
– Е како продавате цигари, а не се пуши?
– Епа, ние и тоалетна хартија продаваме…

Желба

Во радио емисија во живо:
– Здраво, јас сум Трпана и сакам на мојот шеф Цветко да му посакам за нова година дедо мраз да му донесе една торба со презервативи.
Водителката:
– Сигурно му посакувате многу секс во новата година?
– Не, сакам такви идиоти да не се размножуваат повеќе!

Петелот, мачорот и кучето

Во дворот на една селска куќа седат петелот, мачорот и кучето. Петелот вели:
– Доста ми е од се`. Утре ве будам за последен пат и си го фаќам патот. Кокошки повеќе нема, храна нема… нема зошто да седам повеќе јас овде.
Мачорот:
– И мене ми е доста од се. Газдите ја продадоа кравата, ни млеко има ни сирење. Ни за мене нема живот повеќе овде. И јас утре си го фаќам патот.
Кучето ги гледа и срамежливо вели:
– Јас ќе останам уште една недела…
– Зошто? – прашуваат мачорот и петелот.
– Па вчера ја служнав газдарицата како му вели на газдата: „Ако и следнава недела не донесеш плата, ќе му го лапаме на Шарко“. Е па јас си велам да почекам.

Секс на прилепски начин

Позади МТВ проститутките се наредиле и чекаат клиенти. Доаѓа еден дечко со фиќо и ги прашува:
– Има ли некоја која се согласува да имаме секс на прилепски начин?
Сите се погледнуваат, никоја не знае каков е тој секс на прилепски начин. Една од новите и неискусни проститутки се согласува. Отишла со муштеријата.
Следниот ден пак доаѓа на работа позади МТВ. Другите проститутки љубопитно ја прашуваат:
– Како помина вчера? Каков е тој секс на прилепски начин?
– Па видете, во општи црти се е исто, само што ќе ми плати кога ќе ги земи парите од тутунот.