Наставникот по математика го прашува Трпе: – Трпе зошто на тестот си ја оставил оваа страна празна? А Трпе на тоа одговара: – Епа тука наставнику сметав на памет.
Повеќе...Распродажба
На час по македонски јазик наставничката ги испрашува учениците: – Купувам, купуваш, купуваат, купуваме, купувате… Трпе, ајде ти кажи ми кое време е ова? – Време на распродажба.
Повеќе...Ништо
Трпе го прашува синчето: – Што има ново у школо? – Ништо! – Ништо? Што само седиш и гледаш у ѕидот? – Епа таму е саатот!
Повеќе...Учителка
Учителката на училиште го кара малиот Трпе: – Ти си срам за овој клас. Јас на твоите години веќе знаев да читам и да пишувам, а ти за ништо не си способен. А Трпе на тоа и одговара: – Гледате, Вие сте имале добра учителка.
Повеќе...Натпревар
Трпана го прашува малиот Трпе: – Сине, како помина на натпреварот по правопис? – Незнам.
Повеќе...Лустер
Наставничката ги прашува учениците: -Деца што се може да ставите во уста? Децата одговараат: -Јаболка. -Сладолед. -Чоколада. Продолжуваат децата да набројуваат, па стига редот на мали Перица. Перица: Лустер, наставничке! Наставничката: – Како тоа мислиш лустер Перица? Перица: Да наставничке, вчера одам да спијам во соба и го слушам татко …
Повеќе...Хемија
Професор по хемија, на час, им вика на студентите: – Гасот во оваа боца е смртоносен, доколку за несреќа протече боцата, какви чекори ќе превземете? – Брзи, многу брзи чекори!
Повеќе...Клима
Трпе на испрашување по географија: Наставничката: – Трпе кажи ми каква клима владее во Македонија? Трпе: – Бизнис клима.
Повеќе...Фејсбук
Седел ученик на час и напишал статус на ФБ: – Сите учат, само јас на Фејсбук. По извесно време, коментар од професорот: – Ќе станеш да си го видиш кецот или да те тагнам?
Повеќе...Математика
Наставничката по математика го прашува Трпе: – Ако татко ти месечно ти дава по 1000 денари, колку денари ќе имаш за 4 месеци? – Ниту еден! – Како ниту еден?! Па ти ич не знаеш математика! – Знам математика, ама подобро се знам себеси.
Повеќе...Немирен
Наставничката му се јавува на таткото на Трпе: – Господине, син ви е много немирен. – Знам, ако беше мирен ќе си го чував јас дома.
Повеќе...За една вечер
Во читалната на библиотека студент и приоѓа на една студентка: – Извинете, дали имате нешто против ако седнам до вас? Девојката наеднаш почнува да вика со силен глас: – НЕ САКАМ ДА ЈА ПОМИНАМ НОЌТА СО ТЕБЕ! Сите студенти во библиотеката го погледнале дечкото и тој навистина се засрамил. После …
Повеќе...Родителска
На родителска средба: – Господине Трпе, вашиот син многу лошо мириса, бањајте го почесто! – А бе, јас го праќам да го учите, а не да го мирисате!
Повеќе...Енциклопедија
Рамче му вика на татко му: – Тато, ај купи ми енциклопедија. – Мрш таму бе, јас пешки одев на школо.
Повеќе...