На влав му гледале на кафе: – Аууу ќе одиш некаде на пат. – А патарини ќе има?
Повеќе...Пушење
Влегува министерот во кабинет, ги гледа советниците и почнува да им се дере: – Нели ви кажав, за време на работа пушењето е забрането!!! – А кој работи?
Повеќе...Глупа
Трпана му вика на Трпе: – Знаеш Трпе кога се земав со тебе бев многу глупава. – Знам Трпано, ама јас бев многу вљубен во тебе, па не приметив…
Повеќе...Подарок
Трпана му вика на Трпе: – Драги, што ќе ми подариш за роденден? – Ништо! Еден добар секс, и толку! – А ако не ти дадам? – Ако си глупа….остани си без подарок..
Повеќе...Натпревар
Трпана го прашува малиот Трпе: – Сине, како помина на натпреварот по правопис? – Незнам.
Повеќе...Коса
Цветко се жали на докторот: – Докторе, почна да ми паѓа косата, имате ли нешто за да ја зачувам? – Ако сакаш имам една картонска кутија.
Повеќе...Трговец
Трпе и Цветко се сретнуваат после подолго време и Трпе го прашува Цветко: – Цветко, како оди работа, со што се занимаваш сега? – Фала богу добро оди, се занимавам со трговија со човечки органи! – Па дали си ти луд, имаш ли срце? – Уф, се потроши, ама да …
Повеќе...Годишен одмор
– Кај ќе одиш на одмор годинава? – Кај шо нема појдено ни Доналд Трамп. – Ауууу, каде толку бе? – Градиште.
Повеќе...Невработен
Како се викаат луѓето кои се среќни во понеделник? – Невработени.
Повеќе...Приказни
Трпана му вели на Трпе: – Имам многу приказни слушнато за тоа каков си во кревет. – Ма дај, тоа не е ништо посебно. – Да, така и имам слушнато.
Повеќе...Перење гаќи
Трпе ја прашува Трпана: – Трпано, како ми ги переш гаќите? – Па, така, ги ставам во машина за перење. – А ставаш ли уште нешто? – Прашок нормално. – А уште нешто да не ставаш? – Да, ставам и омекнувач. – Епа тоа е!
Повеќе...Скршена рака
Цветко се шета и го гледа Трпе со гипс на раката: – Што е бе Трпе, што направи? – Ја скршив раката на три места. – Еее Трпе, ја не би излагал повеќе на тие три места.
Повеќе...Интелигенција
Трпана му кажува на Трпе: – Научно е докажано дека децата 80% од интелигенцијата ја наследуваат од мајката. А Трпе на тоа: – Е да бе… од таткото само 35% а?
Повеќе...Влавче
Прашуваат мало влавче: – Колку години имаш? – Немам, немам, немам…
Повеќе...
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија