Млад дечко ги кине ливченцата на маргаритката и вели: Во 19 век: – Ме сака, не ме сака… Во 20 век: – Ќе спие со мене, нема да спие со мене… Во 21 век: – Маж сум, жена сум…
Повеќе...Празници
Наредните денови после празниците: – Да го фрлам ли или ќе го јадеш? – А, расипано ли е? – Ако планираш да го јадеш, не е расипано!
Повеќе...Новогодишна ноќ
– Драги, што сакаш да ти зготвам за новогодишната ноќ? – Тоа што ти е најлесно, душо! – Да ти се налутам!?
Повеќе...Подарок
Комшијата го прашува малиот Трпе во лифтот: – Што ти донесе Дедо Мраз, детенце? – Играчка на батерии. – А на мама? – И на мама исто!
Повеќе...К-15
Газдата размислува што да им земе на работниците за Нова година.. – Им го зима К-15!
Повеќе...Кондом
Влегува дедо во аптека и и вика на аптекарката: – Кондоми имате? – Има господине, каков сакате? Со ванила, јагода, малина? – Дајте ми еден со арматура!
Повеќе...Анестезиолог
Пред операција анестезиологот го прашува Трпе: – Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно? – Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето. – Договорено. Нани ми нани…
Повеќе...Гости
Кавадарчанец оди дома и носи шест пакета вино, две шишиња ракија и два леба. – Да не че иаме гости вечер!? – Не бе, оти?! – Ами шо толку леб си зел!!!
Повеќе...Во ресторан
Во ресторан, семејство со 2 мали деца. Мајката: – Келнер, можи ова шо остана да ни го спаковаш за кучето? Келнерот: – Можи. Децата: – Јееее, мама ќе ни купи куче!
Повеќе...Фервекс
Влага баба во аптека. – Добар ден, ќе може еден дурекс? А дедото од надвор вика – Фервекс бабо! Фервекс!
Повеќе...Цезар салата
Кумановец оди во Скопје во кафана. – За мене цезар салата. – Сакате сос? – Сос ракију!
Повеќе...Скитање
Трпе, зошто сакате да се разведете? – Жена ми по цели ноќи скита по кафани. – Ајдее… Да не лажеш? – Не лажам господине судија. Мене ме бара…
Повеќе...Тежок живот
Тате ќе се мажам за Трпе комшијата! – Немој ќерко, сирак е и сиромав, работи во три смени. Не е тој за тебе. – Ама татко јас го сакам и готово одлучив! – Ќерко имај барем малку милост за Трпе. На него животот му е доволно тежок и без тебе!
Повеќе...Правосмукалка
Колку ви е правосмукалката? – 12.000 денари. – Е што бе, и гревови да не чисти?
Повеќе...
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија