Дома / Вицови (страна 119)

Вицови

Баџанаци

Двајца пријатели прават муабет:
– Знаеш ти дека јас и господ сме баџанаци!
– Е, од кај сега ти и Господ баџанаци.
– Епа го знаеш Рамче.
– Го знам.
– Рамче имаше две ќерки, едната ја земав јас другата Господ.

Пауза

Зошто се мекиците на стража на рекорд?
– За да можат драчевчани да прават пауза кога одат до Сити мол.

Умор

Доаѓа Трпе после работа, легнува на кревет и се жали на Трпана:
– Мртов уморен сум, нозеве не можам да ги мрднам.
А Трпана го погледнува и му враќа:
– Ако судиме по смрдеата, нозете ти умреле пред 3 дена.

Слободна

Трпе и вика на Трпана:
– Срце слободна ли си викендов?
– Да!
– Епа со тие бркови и нареден викенд ќе си слободна.

Лозинка

Седат четири другарки во кафич и едната го прашува келнерот:
– Извини, како е пасвордот за Wi-Fi ?
Келнерот:
– давеебекелнерот.
– Одвоено или ?
– Не! Сите заедно.

Престанување

Цветко оди на доктор. Докторот му вика:
– Мора да престанеш да дркаш!
– А зошто?
– За да те прегледам.

Капацитет

Зошто Рамче дува 40 свеќи на својот 4ти роденден?
– Татко му го тестира да види дали има капацитет за труба.

Одговор

Додека да им одговорам на сите на Skype, Gmail, Facebook, Twitter, Whatsapp, Viber, Sms, дојде 2015 година.

Таман

Полицаец застанува возач, и му бара лична карта, возачка дозвола… Меѓу другото, полицаецот прашува:
– Господине, да не сте пијан?
– Не.
– Па, гледам дека не сте ни трезен.
– Не сум ни трезен господине полицаец.
– Па каков сте?
– Таман.

Задоцнет воз

Малиот Трпе го прашува татка си:
– Тато, знаеш ли кој воз доцни најмногу?
На тоа таткото одговара:
– Не знам сине. Ајде кажи ми..
– Воз кој доцни најмногу е оној кој ми го вети за роденден, тато.

Седнување

Трпана на Трпе:
– Душо дај да седнам малце.
– Седни бе душо.
– Ама сакам да седнам на компјутер.
– Абе жено ќе го скршиш!

Кошула

Цветко влегува во бутик и бара кошула. Продавачот:
– Би сакале ли иста кошула како оваа што ја носам јас?
Цветко:
– Да, иста таква, ама чиста.