Дома / Вицови (страна 109)

Вицови

Лешници

Доаѓа докторот во визита кај Трпе, кој лежи штотуку опериран, без заби:
– Доктове, да не факаф лефници?
И овој си земал, и додека го читал болничкиот картон и си грицкал од лешниците, му паднало чудно што ќе му се лешници на човеков без заби.
– Абе Трпе, може не е моја работа, ама дај кажи им на тие што ти доаѓаат во посета нека ти донесат нешто помеко за јадење.
– Ма доктове, тие мене ми донефоа фоколадо со лефници!

Многу повеќе

Трпе:
– Тато, запознај се со мојата девојка, Трпана.
А таткото:
– Можеш ти многу, многу подобро, не е за тебе.
Трпе:
– Тато, те молам не збори така пред нејзе!
– Не ти зборам тебе бе! На Трпана и зборам.

Туристичка атракција

Цветко забегал во некое село и прашува некоја бабичка:
– Извинете, има ли во селово некоја туристичка атракција?
– Имаше синко, ама се омажи лани.

Светиниколски изрази

Литературно – Здраво како си?
Светиниколски – Кај си бе педер?
Литературно – Не се согласувам со тебе
Светиниколски – Да ми пушеш куро ти на мене.
Литературно – Падна по скалите
Светиниколски – Падна по скалите да га ебу.
Литературно-Се шегуваш со мене?
Светиниколски – Испуши ми куро бе.
Литературно – Не претерувај!
Светиниколски – Кур сакаш ли?
Литературно – Госпоѓо/госпоѓице
Светиниколски – Амури.

Битолски изрази

Литературен јазик: Каде ќе одиме?
Битолски: Кај ќојме бе?
Литературен: Ќе одам да јадам.
Битолски: Ќом да јам.
Литературен јазик: Како да не!
Битолски: Абе шооо!
Литературен јазик: Навистина ли?
Битолски: Озбилно?
Литературен јазик: Гледај ме сега!
Битолски: Брат, глеј ме сеа!
Литературен јазик: Колку е часот?
Битолски: Колку е сато бе?
Литературен јазик: Проговори нешто!
Битолски: Дај бе зуцни нешто шо си таков сеа!
Литературен јазик: Колку години имаш?
Битоски: Колкав си ти бе?
Литературен јазик: Не ти верувам!
Битолски: Е да бе!

Чоколадо за дедо

Две внучиња се договараат што да му купат на дедо им за роденден:
– Да му купиме чоколадо.
– А зошто? Па тој нема заби, нема да може да го изеде.
– Па токму затоа, ќе ни го даде нам и ние ќе го изедеме.

Бикини

16 годишната Ана купила бикини. За да се пофали и ги покажува на мајка и, а таа и вели:
– Ако на твои години јас облечев такво нешто, сега ти ќерко ќе беше 10 години постара.

Паметен

Момчето оди кај таткото на девојката за да ја побара за жена.
– Господине, сакам да се оженам со вашата ќерка.
– Нема шанси млад господине. Па ти немаш ни скршена пара.
– Вистина, пари немам, но многу сум паметен.
– И дека си паметен не ти верувам.
– Зошто?
– Затоа што сакаш да се ожениш со ќерка ми.

Упатство

Влегува човек во продавница.
– Добар ден, ве молам една конзерва ананас.
– Повелете.
– А се извинувам, може да ми кажете како се отвора?
– Господине, внатре имате упатство.

Телефон

Си зборуваат двајца наркомани:
– Еј, вчера се сретнав со страшна женска. Си поразговаравме и и го земав нејзиниот телефон …
– Па многу убаво.
Утредента тој пак раскажува:
– Ау, со друга добра женска се сретнав и на неа и го земав телефонот….
И така неколку дена, додека другиот не издржал и рекол:
– Зошто ти се толку телефони бе, земи барем еден телевизор.

Има ли некој

Шефот на полицајците оди порано во полицијата и на влез го прашува дежурниот:
– Има ли некој во зградата?
– Има.
– Кој?
– Јас.
– Не бе, идиот! Прашувам, има ли некој друг освен тебе!
– Да.
– Кој?
– Вие.