1. Детски додаток
Залетано влегува Трпе дома и задишан и вика на Трпана:
– Жено,дали слушна?
– Што?
– Владата одлучила да дава детски додаток на сите семејства кои имат по пет деца.
– Ама ние имамо само три.
– Ќе ми простиш жено, ама ја малку ти бев неверен едно време и у другото маало имам уште две вонбрачни деца.
Станува Трпе, и излегува од дома пак, а Трпана го прашува:
– Каде тргна?
– Идам да си ги земам децата и се враќам.
Се враќа Трпе дома со двете деца и ја прашува Трпана:
– Каде се другите три деца?
– Епа и комшиите чуле за новиот закон и дојдоа да си ги земат своите деца.
2. Бар
Еден човек влегува во супер High-Tech бар и гледа дека зад шанкот стои робот, наместо шанкер. Човекот оди до барот, а роботот го прашува:
– Колку е вашето IQ?
Човекот одговара:
– 150.
Роботот веднаш го послужува со 16-годишно виски и започнува разговор за глобалното затоплување, влијанието на околината, квантната механика, нанотехнологијата и др.
Човекот е многу импресиониран од вечерта и затоа другата вечер решава да го тестира роботот.
Кога роботот го прашува за неговото IQ, тој вели 80. Веднаш роботот му служи пиво и му зборува за фудбал, омилени јадења, жени и сл.
Уште повеќе заинтригиран, човекот повторно се враќа следната вечер. Роботот го прашува:
– Колку е вашето IQ?
Човекот одговара:
– Паа? околу 15.
Тогаш роботот му сервира еден голем чоколаден сладолед и го прашува:
– И, брат, што велиш, пак за СДСМ или ВМРО ќе гласаме, а?
3. Проблем
Влегува заљубен пар на доктор:
– Повелете, што е проблемот?
– Докторе, пробавме сé и никако да затруднам.
– Вие се зафркавате со мене, момци!
4. Човекојадци
Разговараат тројца човекојадци. Првиот вели:
– Пред некој ден изедов еден Англичанец, слаб, исушен, тврд како ѓон. Одвај го дојадов!
Вториот:
– А јас пак изедов еден Германец. Дебел, мрсен, дебелогаз. Ми се згади!
Третиот:
– Е јас минатата недела јадев вистински деликатес! Посебна сорта: Македонски политичар. Почнуваш од главата, а таму место мозок, путер! Доаѓаш до кичмата, нема коски! А дури кога ќе дојдеш до задникот – внатре наоѓаш уште петмина!
5. Наркоман и златна рипка
Наркоман фаќа златната риба:
– Ќе ти исполнам три желби ако ме пуштиш. Која ти е првата?
– Сакам да направиш две линии и заедно да ги ишмркаме!
Рибата направила две линии и заедно со наркоманот ги ишмркале.
– Добро, кажи ми ја втората желба.
– Дај по уште две линии за двајцата.
Пак ги шмркаат.
– Имаш уште една желба.
– Па… ајде дај уште две линии…
Ги шмркаат и тие линии, седат 5 минути и рибата му вика:
– Ајде, ајде, дај уште една желба!