Трпе го прашува синот:
– Сине кој повеќе сакаш? Мама или тато?
– Двајцата!
– Добро! Мајка ти ако оди вo Америка а јас во Париз ти кај ќе одиш?
– Во Америка!
– Зошто?
– Затоа што е прекрасна земја!
– А јас ако одам во Америка, а мајка ти во Париз кај ќе одиш ти?
– Во Париз!
Трпе налутен:
– Зошто?
– Затоа што веќе бев во Америка!
Пораки
Трпе навечер се вратил од работа, а на маса видел испишано ливче со порака од Трпана:
– Мајка ми е болна, кај неа сум.
Трпе воздивнал и тргнал кон фрижидерот на кој повторно нашил ливче со порака:
– Храната е направена, во фрижидерот е, само подгреј ја во шпоретот.
По вечерата Трпе сакал да си легне, кога на креветот нашол ново ливче со порака:
– Сонувај ме.
На Трпе му се здосадиле ливчињата со пораки од сопругата, станал, се облекол, а кога сакал да ги обуе чевлите, повторно нашол ливче:
– Каде си тргнал?
Навреден влав
Еским
Си бил некој Еским кој тргнал да лови риба. Дошол до едно место, ископал дупка во мразот и ја спуштил јадицата. Тогаш слушнал некој глас кој му вели дека тука нема риба. Ескимот се зачудил, помислил дека му се причинува и продолжил да лови. И повторно по некое време го слушнал истиот глас кој му го повторил истото. Ескимот се изнервирал, станал и на сет глас вика кој му го збори тоа.
– Тука е директорот на лизгалиштево, ти реков дека овде нема риба.
На театар
Бугарска кафана
Бунда
На гинеколог
Топла Вода
Пират
Седел некој пират во крчма и пиел рум. Крчмарот го прашал:
– Извини, како ја доби дрвената нога?
– Еден ден пливав покрај бродот, наиде ајкула и ми ја одгриза ногата.
– А како дојде до куката на раката?
– Раката ми беше отсечена кога нападнавме друг брод.
– A како го добивте превезот преку окото?
– Гледав еден галеб како лета, и тој ми се посра во окото.
– Па зарем од тоа може да се загуби окото?
– Не, но тоа ми беш прв ден со куката на раката.