Пораки

Трпе навечер се вратил од работа, а на маса видел испишано ливче со порака од Трпана:
– Мајка ми е болна, кај неа сум.
Трпе воздивнал и тргнал кон фрижидерот на кој повторно нашил ливче со порака:
– Храната е направена, во фрижидерот е, само подгреј ја во шпоретот.
По вечерата Трпе сакал да си легне, кога на креветот нашол ново ливче со порака:
– Сонувај ме.
На Трпе му се здосадиле ливчињата со пораки од сопругата, станал, се облекол, а кога сакал да ги обуе чевлите, повторно нашол ливче:
– Каде си тргнал?

Обиди се со

Комплимент

Трпе и вика на здебелената Трпана: – Сало на страна, супер изгледаш!