И тој шо ја измислил топлата вода кога-тогаш ќе го уклучи бољерот.
Повеќе...Пират
Седел некој пират во крчма и пиел рум. Крчмарот го прашал: – Извини, како ја доби дрвената нога? – Еден ден пливав покрај бродот, наиде ајкула и ми ја одгриза ногата. – А како дојде до куката на раката? – Раката ми беше отсечена кога нападнавме друг брод. – A …
Повеќе...Пејачка
Се шетаат Мујо и Хасо и разговараат: – Брат која ти е омилена пејачка? – Дара Бубамара! – Ја те прашав пејачка, не инсект!
Повеќе...Пит Бул
Ред Бул ти дава крилија, но и пит булот кога ќе го видиш одврзан на улицата ти дава крилија.
Повеќе...Убавина
– Тато, поубава сум со шишки или без шишки? – Ќерко, за да си поубава, прво треба да си убава.
Повеќе...Тест
Трпана го прашува малиот Трпе: – Сине, како помина на тестот по математика? – Добро. – Што ќе добиеш? – Најверојатно неоправдан.
Повеќе...Уплашена секретарка
Секретарката уплашено го прашува шефот: – Што, да не ми давате отказ? – Не, зошто така мислиш? – Па тогаш зошто сте го извадиле троседот од канцеларијата?
Повеќе...Столар
Влегува шефот во работилница и го прашува вработениот. – Колку столови направи денес? – Два. – Само два!? Јас до сега ќе направев десет. – Па нормално шефе, вие сте столар, а јас дипломиран економист.
Повеќе...Мешање
Научно докажано: Подобро да мешаш алкохол него малтер.
Повеќе...Страдање
Оди Трпана на доктор: – Докторе, страдам од импотенција. – Како тоа страдаш, па ти си женско ?? – Маж ми боледува докторе… јас страдам.
Повеќе...Човекојадци
Двајца човекојадци разговараат: – Што јадеш ти кога постиш? – Морска храна. – Е каква е таа морска храна? – Нуркачи. А ти? – Јас сум вегетаријанец. – И што јадеш? – Градинари.
Повеќе...Свекрва и домазет
Му вели свекрвата на домазетот: – Зете расипано е казанчето, поправи го. – Што ми е гајле, не е мое. Наредниот ден: – Зете расипана е кадата, среди ја. – Што ми е гајле, не е моја. Се изнервирала бабата, му ја препишала целата куќа на зетот и следниот ден …
Повеќе...Покераш
Влегува покераш во градски автобус, му приоѓа кондуктерот: -Карта ? -Понатаму.. -Карта ? -Понатаму.. -50 денари ! -На твоите 50, уште 100 мои ! Настанува пауза, си разменуваат погледи… и покерашот сфаќа дека нешто не е во ред, па го прашува: -Ти што си ? -Кондуктер ! -Слабо, кента флеш!
Повеќе...Близнаци
Едниот близнак му вика на другиот: – Абе кај си ти цел ден?? Мама ме бањаше два пати!
Повеќе...
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија