Дома / Вицови (страна 112)

Вицови

Прием во лудница

При посета на психијатриска болница Трпе го прашува директорот на кој начин одлучуваат кого ќе примат на лечење во болницата. Директорот одговорил:
– Многу едноставно, го ставаме пред када полна со вода и му даваме лажичка, чаша и канта и му кажуваме од кадата најбрзо што може да ја испразни водата.
– Аха, разбирам, вели Трпе, – оној кој е нормален почнува да ја вади водата со канта.
– Не, вели директорот – оној кој е нормален ќе ја извади затката од кадата. А вие сакате соба со балкон или без?

Дај уште една

Трпе и Трпана излегле на прв состанок. После шетање низ чаршијата, отишле до кај него на пијачка. Трпе им ставил по една ракија, ја испиле па Трпе пружил рака да ја фати за газ. Трпана му удрила еден шамар и му рекла:
– Бегај бе будало една, не сум јас лесна женска да паднам на една пијачка.
Трпе уплашено прашал:
– Добро, што ќе правиме сеа?
А Трпана му одговорила:
– Па наточи уште една.

Кондури

Трпе и Цветко седат во парк. Трпе го прашува Цветко:
– Кој број на кондури носиш?
– 42, зошто?
– Прашувам дека смрадат како 48.

Болниот Ерџан

Се разболел Ерџан и оди на доктор.
Докторот му го проверува стомакот и го прашува:
– Каква ти е големата нужда?
– Голема, брате, многу голема, да не беше немаше ни да дојдам.
– Не те прашувам тоа, туку каква ти е столицата?
– Дрвена, а и стара, пропадната е скроз.
– Ама, човече ме разбираш ли ти мене, колку пати одиш по надвор?
– Од кога се раздени и не се прибирам дома до вечерта.
– Гомното Ерџане, какво ти е гомното?
– Еее, господине докторе уште не сум го пробал.

Полжав

Фатил Трпе нова женска и ја однел во кинески ресторан да јадат полжави. Оваа не знаела како се јадат полжави, па го гледала Трпе некое време, па решила и таа да проба. Го зела полжавот, шмукнала, ама ништо не излегувало. Шмукнала таа уште еднаш, полжавот не излегол. Уште еднаш силно шмукнала, ама абер нема полжавот да излезе од куќарката. На крај изнервирана девојката ѕирка низ отворот внатре да види дали воопшто има полжав и што ќе види – полжавот ги раширил нозете и вика:
– То бејби, тоо…

Ви-фи

Влага Цветко во црква и му вика на попот:
– Попе, има ли овде ви-фи?
А попот се крсти и вика:
– Боже помогни!
А Цветко враќа:
– Што е тоа? Име на мрежата или лозинката?

Бебе

Порано до 40 дена не смееше да се види бебето, сеа уште како ембрион има 100 лајка.

Бивш и сегашен маж

Се сретнуваат бившиот и сегашниот маж на Трпана и бившиот му вика на сегашниот:
– Како е со потрошената роба?
– Па, првите 5 сантима така-така, али после ко нова.

Бурек

Трпе му вика на синот:
– Оди купи ми бурек со месо!
– Ако нема со месо да ти земам еклер.
– Ако нема со месо земи ми со сирење.
– Ако нема со сирење да ти земам со еклер.
– Ако нема со сирење земи ми пица бурек.
– Aко нема пица бурек да ти земам еклер.
– E, ако нема земи ми еклер!
– Ако нема еклер да ти земам тулумба!?