Полицаец и прави муабет на плавуша: – Како се викаш? – Моника без “в”. – Па во Моника нема “в”… – Епа тоа ти викам бе глуп еден!
Повеќе...Додворувачи
Трпана оди кај гатачка: – Леле тетке, имам двајца додворувачи. Кој ќе има среќа? – Среќа ќе има Цветко, оти Трпе ќе те земе!
Повеќе...Преобразба
Трпана гледа низ прозор и одеднаш како попарена трча во кујна и му вика на Трпе: – Прекини да ги миеш садовите, соблечи ја престрилката, земи весник и легни на каучот. – Душо што ти стана? – Ништо, мајка ти иде…
Повеќе...Ракија
Цветко му се јавува на Трпе и му вика: – Абе со две женски сум на Водно доаѓај одма, те чекам кај втората платформа. – Добро, добро доаѓам одма, чекај ме. И се среќаваат горе и Трпе го гледа Цветко се вртка сам наоколу. – И кај се сега? – …
Повеќе...Право
– Колега, ти нов ли си? – Да, денес ми е прв ден. – Што имаш завршено? – ПРАВО! – Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.
Повеќе...Среќен
Трпана му зборува на едногодишниот син: – Да знаеш ти колку си среќен, си се наспа, стана, се најаде, си поигра, сега ќе се искакаш и пак ќе си легнеш… Од WC-то се јавува Трпе: – Епа што сакаш мори, недела е….
Повеќе...Топло
– Госпоѓо зошто сте ги ставиле така рацете меѓу нозете? – Па ми студат рацете, а тука е топло… – Епа право да ви кажам ми замрзнаа ушиве, дајте малку главата да ја ставам таму.
Повеќе...Разбирање
– Многу ми се свиѓа Трпана од први влез. – Ооо, се разбираш ти од жени, браво! – Ама она не ми обрнува никакво внимание. – Еее, и она се разбира од мажи.
Повеќе...Родителска
На родителска средба: – Господине Трпе, вашиот син многу лошо мириса, бањајте го почесто! – А бе, јас го праќам да го учите, а не да го мирисате!
Повеќе...Вага
Бабата му вели на внучето: – Чедо, на оваа новата вага, каде ми ги пишува килограмите? – Бабо, слегувај веднаш од таблетот!
Повеќе...Вештерки
Синот го прашува таткото: – Тате, нели вештерките ги има само во приказните? Таткото погледнува кон кујната: – Едно време и јас така мислев…
Повеќе...Ѕвезда
Ноќ. Двајца заљубени седат на клупа во паркот. Дечкото: – Еј, гледај срце, ѕвезда шо паѓа, посакај нешто! – Сакам да се омажам за тебе! – Ааа, не била ѕвезда бе, авион бил.
Повеќе...Цигари
Влегува Цветко во продавница, си купува цигари, ги отвара и пали една. Продавачот му вика: – Извинете господине, тука не се пуши! – Е како продавате цигари, а не се пуши? – Епа, ние и тоалетна хартија продаваме…
Повеќе...Желба
Во радио емисија во живо: – Здраво, јас сум Трпана и сакам на мојот шеф Цветко да му посакам за нова година дедо мраз да му донесе една торба со презервативи. Водителката: – Сигурно му посакувате многу секс во новата година? – Не, сакам такви идиоти да не се размножуваат …
Повеќе...
Vicoteka.mk Најголема база на вицови во Македонија