Дома / Вицови / Пијанство

Пијанство

Трпе се враќа камен пијан дома и одеднаш губи свест. Се буди сабајлето, на ништо не се сеќава. Оди низ дневната гледа се искршено. Телевизорот на парчиња, прозорци искршени, врата откорната. Лом. Оди во кујната замислен, гледа на масата поставен најубавиот појадок на светот. И на масата писменце “Драги, те сакам најмногу на свет. Уживај во појадокот. Твојата женичка”.
Доаѓа син му и Трпе го прашува:
– Мали што е ова? Што се случува? Јас на ништо не се сеќавам. Се начукав ептен ама гледам мајка ти не е лута. Туку и гледај каков доручек ми спремила.
– А бе тато. Што да ти кажам. Се врати вчера во 2 саат камен пијан. Почна да кршиш. Да пцуеш. Да се дереш. Го крена цело маало на нозе. Дојдоа и комшии и полиција и се живо се собра. Туку мама те однесе да те облече во пижами за да си легнеш. Јас те држев, а она те соблакаше. Кога ти ги откопча панталоните ти и викна: “Не ме допирај ороспијо! Јас сум оженет човек!”

Обиди се со

Мажење

– Трпано, ти омажи ли се? – Не. – Е оти ма? – Не знам. …