Дома / Вицови (страна 98)

Вицови

Близначиња

Циганче: Дај 5 денара, Господ две близначиња да ти даде.
– Не сакам близначиња..
Циганчето: Епа добро едно близначе..

XXL

Цветко оди до трафика и вика:
– Дајте ми еден XXL!
– Кондом?
– Чул те Господ, дај ми чипс бре!

Егзотично цвеќе

– Ало! Пожарна?
– Да, госпоѓо, повелете.
– Јас скоро посадив цвеќе…
– Госпоѓо, баравте пожарна?!
– Да, барав. Tоа е мнoгу скапо, егзотично цвеќе…
– Госпоѓо, баравте и добивте противпожарна служба, a не цвеќара! Кажете како можеме да ви помогнеме или спуштете ја слушалката и ослободете ја линијата!!!
– Добро де, што ме напаѓате веднаш! На комшијата му гори куќата, па кога ќе го гасите пожарот, пазете на цвеќето.

Минич

– А не, не, не, нема теорија со овој минич да одиш во град!
– Ама тато зошто?!
– Зошто ти се гледаат јајцата, Трпе!!!

Ѓаволот и тројцата луѓе

Си биле Математичар,Техничар и Цветко.
Умреле и Ѓаволот им рекол.
– Слушајте сега, вие сега на мене ќе ми побарате нешто што и да е, и ако јас тоа нешто ви го дадам ќе дојдете со мене во пеколот, а ако не ќе одите во рајот.
Прв бил Техничарот.
– Дај ми книга со сите технологии и да нема крај. Ѓаволот му дадол и го однесол во пеколот.
Потоа вил математичарот.
– Дај ми книга со сите броеви на светот и да нема крај.
Ѓаволот исто така му дадол и го однесол во пеколот.
На ред бил Мујо.
– Дај ми столче со 9 дупки. Ѓаволот му дадол, Цветко седнал и прднал.
– Од која дупка излезе? – Од левата горе.
– Не, од дупката на мојот газ.

За една вечер

Во читалната на библиотека студент и приоѓа на една студентка:
– Извинете, дали имате нешто против ако седнам до вас?
Девојката наеднаш почнува да вика со силен глас:
– НЕ САКАМ ДА ЈА ПОМИНАМ НОЌТА СО ТЕБЕ!
Сите студенти во библиотеката го погледнале дечкото и тој навистина се засрамил.
После неколку минути девојката тивко се приближила до дечкото и му рекла:
– Јас студирам психологија и знам како размислуваат мажите. Претпоставувам дека твојата машка гордост беше повредена и сега се чувствуваш засрамен.
Дечкото на тоа и одговорил со висок тон:
– 1000 ЕВРА ЗА ЕДНА ВЕЧЕР? ДА НЕ СИ СЕ ПРЕЦЕНИЛА МАЛКУ?
Потоа се свртел кон неа и и рекол:
– Јас студирам право и знам како да натерам некој да плати за своите дела.

Шишенце

Ќерката и се жали на мајката:
– Мамо, мислам дека треба да му се скарам на дечкото.
– Зошто?
– Па мислам дека е алкохоличар.
– Зошто мислиш така?
– Па вчера бевме во еден ресторан, и станавме малку да танцуваме, и кога тој се наведна над мене ми се чинеше дека во панталоните има шише.
– Колкаво беше шишето?
– Па од 0.5 литри.
– Ќерко, да се омажиш за тој човек.
– Зошто бе мамо?
– Оти јас цел живот го терам со едно „шишенце“ од 100 грама.