Дома / Вицови (страна 80)

Вицови

Подарок

Комшијата го прашува малиот Трпе во лифтот:
– Што ти донесе Дедо Мраз, детенце?
– Играчка на батерии.
– А на мама?
– И на мама исто!

Кондом

Влегува дедо во аптека и и вика на аптекарката:
– Кондоми имате?
– Има господине, каков сакате? Со ванила, јагода, малина?
– Дајте ми еден со арматура!

Исчезнат

Се јавува Трпе во полиција:
– Ало, полицијата?
– Да, кажете!
– Сакам да пријавам исчезнато лице!
– Откога е исчезнато?
– Веќе три поста не ми лајкувал.
– Да не се безвезе постовите?
– Не! Еден виц и две смешни слики.
– Дали му пишавте порака?
– Да, нема ни seen.
– А он постирал нешто?
– Веќе 5 часа, ништо…
– Разбирам, сериозна е работава… дајте адреса, ќе испратиме патрола веднаш.

Анестезиолог

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

Работно место

На интервју за работа:
– Зошто аплицирате за ова работно место?
– За кога ќе отидам на “Среќни коцки” со Лила и ме праша “Со што се бавите?” да не ми падне незгодно…

Гости

Кавадарчанец оди дома и носи шест пакета вино, две шишиња ракија и два леба.
– Да не че иаме гости вечер!?
– Не бе, оти?!
– Ами шо толку леб си зел!!!

Аналгин

Влав на жена му:
– Жено изнервирај ме!
– Зошто?
– Абе брзо кога ти кажувам, изнервирај ме!
– Ама зошто?
– Најдов аналгин, утре му истекува рокот.

Теле

Трпе и вели на Трана:
– Трпано, замисли веќе шест дена лежам во штала покрај кравата, чекам да се отели и ништо!
Трпана:
– Кога те гледа покрај себе, сигурно мисли дека веќе се отелила.

Роденден

Плавушата се буди утрото на својот роденден и му вели на значително постариот сопруг:
– Чудно, сонував дека ми подаруваш бисерен ѓердан за мојот роденден. Што значи тоа?
Сопругот ја погледнува, се насмевнува и и вели:
– Ќе дознаеш вечерва.
Вечерта, плавушата добива спакуван подарок со панделка. Нетрперливо ја отвора кутијата и вади… книга – „Соновник“.