Дома / Вицови (страна 448)

Вицови

Плочки

Цветко направил забава дома и во текот на забавата фрлил око на едно девојче. Ја однел во купатило, ја соблекол и ја свртел накај лавабото. Одеднаш влегува мајка му на Цветко во купатилото, ги гледа голи децава и се фаќа за глава:
-Лелеее, Цветко мајкино, па нели ти реков, немој бос по тие ладни плочки!

Супермодерен саат

Влегува дечко во кафич и седнува до една многу згодна девојка. Ја одмерува од глава до петици па го погледнува на кратко саатот на раката. Девојката го забележува тоа па прашува:
– Да не ти касни партнерката?
– Не. Денеска си купив супермодерен саат па тукушто го тестирав.
– Супермодерен саат, а? А што е толку специјално на него?
– Користи алфа бранови за телепатски да комуницира со мене.
– Стварно? И што ти кажа сега?
– Пааа, ми кажа дека не носиш гаќички…
Девојката се насмеала па одговорила:
– Епа мора да ти е расипан, зошто јас носам гаѓички!
– У, мајку му, мора да е саат време напред.

Расправија

Три недели после венчавката, Трпана и се јавува на мајка си.
– Мамо, Трпе и јас имавме ужасна расправија!
– Смири се ќерко, не е ни приближно толку лошо колку што мислиш. Во секој брак има по некоја расправија.
– Знам мамо, знам, ама што да правам со телото?

Кец

Трпе: Професорке мислам дека не заслужувам кец по овој тест.
Професорка: Се согласувам, ама тоа е најниската оценка што можам да ти ја дадам.

Прст во нос

Петгодишни Игорче и Маја ѕиркаат низ клучалката додека нивните родители водат љубов.
– Види ги ти нив! А нас не ни даваат ни прст во нос да ставиме.

Презиме

Разговараат Трпе и Цветко
– Знаеш дека јас пред свадбата немав спиено со жена ми! А ти?
– Не знам, а кое и беше моминското презиме?

Разговор

Две плавуши разговараат
-Што ли зборат машките кога се сами?
-Па, ваљда исто што и ние!
-Како не им е срам????

Судбина

Воделе љубов глушец и слоница. Утрото глушецот кога се разбудил ја нашол слоницата мртва и си рекол:
– Е, што ти е судбина, за една ноќ уживање сега треба цел живот гроб да копам!!

На изложба…

На изложба на слики една девојка му вели на познатиот уметник:
– Јас би сакала нешто во масло, но ефтино.
– Па повелете во онаа продавница отспротива, таму имате сардини.

Шверцер

Еден човек на велосипед постојано ја преминувал границата со поголема вреќа на багажникот. Цариниците редовно ја прегледувале вреќата, но никогаш ништо не наоѓале во нејзе освен обичен песок.
– Па добро, сигурно не шверцувате песок? – нервозно го прашал цариникот кој секогаш се фаќал за вреќата.
– Не – одговорил мирно патникот.
– Ви давам чесен збор – инсистирал цариникот – дека ништо нема да Ви се случи ако ми признаете што шверцувате преку граница.
– Штом е така, тогаш ќе Ви кажам: пренесувам велосипеди.

Буда, Алах или Исус?

Си биле будист, муслиман и хрисијанин разговарале кој бог е посилен се договориле да скокаат од авион и кој ке преживее:
– скока прв будистот и цело време вика буда буда буда буда…..и некако останува жив,
– скока втор муслиманот и цело време вика алах алах алах…. и на крај се удара во земја и умира,
– скока трет христијанот и цело време вика исус исус исус…. и кога доаѓа на педесет метри од земјата гледа дека нема ефект и почнува буда буда буда буда!!!

Зголемување на платата

Службеник му се жали на шефот:
– Веќе 20 години работам во службава, зарем не можам да добијам мало зголемување на платата?
– Како, па веќе една година добивате во коверт 20% повеќе!
– Чудно, жена ми не ми кажала ништо за тоа!

Мажење

– Кога ќе се мажите, мила госпоѓице? Веќе одамна сте свршени…
– Знам, но кога мојот пријател е пијан јас не го поднесувам, а кога е трезен тогаш тој мене не ме поднесува.