Дома / Вицови (страна 449)

Вицови

Компјутерски клетви

Да ти се поебе 9-та игличка од процесорот.
Да ти се стопи матичната, како чоколадо во микробранова да ти стане.
Да ти се заглави буквата „С“ од тастатурата.
Да ти откаже Num Lock диодата.
Дај боже сите кулери топло да ти дуваат.
Да ти се поебат 457-миот и 894-тиот пиксел на мониторот.
Дај боже End Task копчето од Task Manager, disabled да ти биде.
Да ти се поебе ласерот од CD-ROM-от, па CD-иња на игла да вртиш
Кога нема да ти се дига да немаш опција SafeMode
Да даде Господ да фаќаш WiFi мрежа со 100% јачина на сигнал и пак да не ти отвора страници…
Да ти пишува Press any key, кога тастатурата ќе ти е расипе!
Да ти пишува Click here, кога маусот ќе ти се расипе!

Разговор

Разговараат Американец,Англичанец и Македонец на што најмногу им се палат жените  Американецот вели јас кога ја бакнувам мојата најмногу се пали, Англичанецот вели јас кога и ги лижам цицките мојата најмногу се пали Македонецот вели јас кога ќе си го избришам од пердето мојата најмногу се пали!

Медицина

Мала историја на медицината:
– Ме боли увото.
2000 п.н.е. – Еве, изеди го коренов.
1000 н.е. -Тоа со коренот е ерес, кажи ја оваа молитва.
1850 н.е. – Молитвата е суеверие, испи ја оваа напивка.
1940 н.е. – Таа напивка е обично масло, испи ја пилулава.
1985 н.е. – Таа пилула е неефикасна, земи антибиотик.
2000 н.е. – Антибиотикот е вештачки. Еве, изеди го коренов.

Вкрстување

Што ќе добиеш кога ќе се вкрстат пит-бул териер и леси?
– Куче што ќе ти ја изгризе раката, па ќе оди да бара помош.

Големото око

Позната сликарка почнала да го губи видот, па од страв тоа да не влијае на нејзината кариера отишла кај најдобриот очен лекар. После неколку недели нејзиниот вид бил повратен целосно, а сликарката цела среќна решила да му се оддолжи на лекарот со тоа што ќе му ја декорира ординацијата. Меѓутоа, главен елемент на декорацијата било големо око насликано на еден од ѕидовите на просторијата. Откако ја завршила сликарката работата, била свикана прес конференција каде еден од новинарите го прашува лекарот:
– Која беше вашата прва помисла кога ја видовте декорираната ординација, особено големото око на ѕидот.
– Фала богу што не сум гинеколог.

Микробранова

Се возат Рамче и Неџмие во кола кога Неџмие забележува микробранова на патот.
– Брзо Рамче, земи ја микробрановава!
Излегува Рамче, ја грабнува печката, ја става во кола и тргнува. Две минути после тоа полицаец ги брка, застанува и прашува:
– Добро бе, биваше ли радарот да ми го соберете?

Заб

Влегуваат Трпе и Трпана на забар и Трпана му вика на забарот:
– Сакам да извадите заб. Не сакам инјекција со анестезија, бидејќи брзаме. Само извадете го набрзина со клештите.
– Вие сте храбра жена – рекол забарот – кој заб сакате да ви го извадам?
Се врти Трпана накај Трпе и го прашува:
– Кажи драги, кој заб сакаш да ти го извадат?

Печурки

Трпана и најавува на своја пријателка дека ќе се мажи по четврт пат.
– Тоа е прекрасно, но, извини што прашувам, што стана со твоите претходни мажи.
– Првиот изеде отровни печурки и умре!
– Леле, колку трагично. А вториот?
– И вториот изеде отровни печурки и умре.
– Страшно! Страв ми е да прашам што се случи со третиот.
– Тој си го скрши вратот.
– Си го скрши вратот?
– Па, не сакаше да јаде печурки.

Среќен поштар

На поштарот му е последен ден на работа после 35 години верно служење во својот реон. На последната обиколка, од првата куќа го пречекува целото семејство, му честитаат и му даваат подарок во плик.
Во втората куќа повторно истото, но добива штека цигари.
Доаѓа тој кај третата куќа и вратата ја отвара прекрасна млада жена облечена само во долна облека. Таа го фаќа за рака, го носи во кревет, водат љубов, го носи во кујна, му дава доручек, шолја кафе и банкнота од 100 денари под шолјата.
Поштарот се уште возбуден од прекрасниот подарок, прашува:
– Се беше одлично, мора да признаам, но, не ми е јасно, зошто ми давате 100 денари.
– Па, вчера вечер со маж ми почнав муабет за тоа што да ти дадеме поклон за пензионирање. Неговата реакција беше “Јеби га, дај му 100 денари”. Доручекот беше моја идеја.

Работење по куќата

Жена разговара со адвокат:
– Сакам развод!
– Зошто сакате развод?
– Затоа што маж ми постојано се обидува да работи по куќата.
– Ама тоа не е доволна причина за развод.
– Не разбирате. Се обиде да ја работи бебиситерката, па чистачката…