Дома / Вицови (страна 433)

Вицови

Играње

Игорче и Кате седат во паркот и Кате прашува:
– Сакаш да си играме доктор?
– Ма не, тоа е досадно. Плукај ја мастиката, сакам да си играме претседател.

Фалење

Се фали Цветко пред другарите:
– Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!

Вијагра

Му носи Перица на дедо му таблетка Вијагра. Дедо му зачуден го прашува:
– Море внучко, што е ова чудо?
– Абе, дедо, со оваа таблетка со баба ќе бидеш како пред 30 години.
– Ако е стварно така, утре имаш 100 евра од мене.
Следниот ден дедото му дава на Перица 1100 евра.
– Нели се договоривме 100 евра бе дедо?
– Да де. 1000 евра се од баба ти.

По навика

Двајца другари разговараат:
– Знаеш што ми се случи вчера. Ја опнав жена ми и по навика извадив 50 евра да и платам.
– Ништо не е тоа. Мојата ми врати 20 евра кусур.

Заборавеност

Баба и дедо седат во дневна соба и гледаат телевизија кога дедото прашува:
– Бабо ма, се сеќаваш каде ги оставив наочарите?
– Не.
– Ах проклета женска заборавеност!

На гатачка

Се јавува жабок на гатачка по телефон и ја прашува за својот љубовен живот, а таа одговара:
– Ќе сретнеш многу убава жена која ќе сака да ја осознае твојата внатрешност.
– Стварно?! А кога тоа?
– Догодина, на час по биологија.

Прв школски ден

Малиот Трпе се враќа дома после првиот школски ден.
– Сине бе, што си се скиселил толку?
– Ми кажаа и утре да дојдам во школо.

Како да пишам?

Одат двајца полицајли сабајле на патрола и наоѓаат мртов човек пред соборниот храм.
Едниот одма вади пенкало и прави записник и вика.
– Денеска на ден 24.05 најдовме мртов човек пред….
и се врти на колегата и го прашува, колега како да пишам црква или соборен храм.
– Еј, незнам, ај фати да го пребациме пред колонијалов, тоа знам како се пишува!