Дома / Вицови (страна 232)

Вицови

Маса

Цветко отишол на некоја прослава и си заседнал на една маса. Доаѓа келнерот:
– Господине се извинувам ама ова е шведска маса.
– Е добро де, ќе станам кога ќе дојдат Швеѓаните!

Детектор

Влегуваат три плавуши во продавница, забележуваат некоја чудна направа и го прашуваат вработениот што е тоа. Тој им вели дека тоа е детектор за лаги, доколку кажат нешто, а не е вистина тој почнува да свири. Првата рекла:
– Јас немам јадено три дена.
И детекторот почнал да свири. Втората рекла:
– Јас сум на диета.
И детекторот почнал да свири. Седнува третата и вели:
– Чекај да размислам.
И детекторот експлодирал.

Секс поза

Разговараат Русин, Французин и Македонец која им е омилена секс поза.
Русинот: Јас најмногу сакам да бидам горе, да и го гледам прекрасното лице, косата…
Французинот: Јас сакам да сум доле, да и ги гледам цицињата како и се тресат.
Македонецот: Јас најмногу сакам да сум отпозади, да можам да гледам фудбал.

Жена

Елегантна жена е онаа жена која се облекува на кредит, а се соблекува на готовина.

Слатка

– Не можеш ни да замислиш колку е слатка жена ми! – рече човекојадецот и почна да јаде.

Половина

Наставничката: Колку е половина од 8?
Малиот Трпе: Вертикално или хоризонтално?
Наставничката: Како мислиш?
Малиот Трпе: Па вертикално е 3, а хоризонтално 0.

Град

Маж и жена тргнале да крадат зеленчук во некоја нива. По малку време ги видел стопанот и почнал да ги брка, ја фатил жената, а мажот избегал и се скрил зад некоја грмушка и гледал што ќе и прави стопанот на жена му. И стопанот почнал да ја работи женава и цицки ја трга и и вика:
– Ех да дај господ да ми пораснат големи крушите како цицките твои.
Ја фаќа за газ:
– Ех да даде господ да ми пораснат љубениците како газот твој.
Се фаќа за пенисот:
– Ех да даде господ да ми пораснат краставиците како пенисов мој.
А цела ситуација ја гледа мажот од зад грмушка и изнервиран вика:
– Да дај господ да заврне некој град колку мадињата мои и се да ти истолчка во нивата.

Мајмун

Се караат две деца во последната клупа и професорот ги слуша и ги опоменува. Тие пак продолжуваат и професорот налутено им вели:
– Што е работа со вас двајца?
Тие му објаснуваат:
– Јас му велам дека бананите растат под земја, а тој ми вели на грмушска.
Професорот им вели:
– Па ни ти, ни тој до тебе не сте во право. Бананите растат на дрво.
Тие се погледнуваат меѓу себе и едниот му вика на другиот:
– Ти реков ли дека некој мајкун знае.

Мислење

Кога подобро ќе размислам подобро е да не мислам. Штом ќе помислам на нешто веднаш се замислувам.