Дома / Вицови (страна 175)

Вицови

Баба

Трпана му вика на малиот Трпе:
– Сине, вчера ти ја чистев собата и под креветот ти најдов кондоми…
– Фала, бабо!
– Сине, зошто ме викаш баба?
– Затоа што вчера не можев да ги најдам кондомите!

Кондоми

Бев многу среќен со девојката. Се забавуваме заедно повеќе од една година и на крај решивме да се венчаме. Моите родители, пријателите и блиските ме охрабруваа:
– Таа е сон!
Постоеше само една работа која ме вознемируваше- нејзината 20 годишна сестра која постојано носи тесни сукњички и припиени деколтирани маички. Редовно ја гледав во долна облека кога и да бев кај нив на гости.
Еден ден сестра и ме повика на гости да ги проверам поканите за венчавката. Беше сама дома кога стигнав. Седнав во дневната и таа ми шепна дека отсекогаш ме посакувала, а јас наскоро ќе бидам оженет. Рече дека кон мене има чувства кои не може да ги победи. Јас шокиран не можев да си поверувам што слушам. Ми рече:
– Одам горе во спалната, ако сакаш само дојди, а јас ќе ги исполнам сите твои желби!
Укочен од шок само ја гледав како се качува по скалите, ги соблече гаќичките и ги фрли врз мене. Стоев еден момент, се свртев и побрзав кон излезната врата од куќата. Побрзав кон автомобилот, а во тој момент се појавија мојата вереница и дедото кои трчаа кон мене.
Таа ме гушна и бакна:
– Мил мој, знаев дека си совршен!
А, дедото додаде:
– Овој мал тест ме увери дека ја давам ќерка ми во вистински раце! Честитам! Добре дојде во семејството!
Главната поука на приказната е:
СЕКОГАШ чувајте ги кондомите во автомобилот!

Астроном

Трудница му вика на својот помал брат:
– Ај спреми се, уште малку ќе станеш вујко.
– Ауууу јас сакав да станам астроном…

Крадење

Судијата го прашува некој циган:
– Кажи зошто крадеше?
– Не сум крадел судијо, жими деците.
– Не лажи цигане, те виделе двајца сведоци.
– Не сум крадел судијо жими мајка не сум краде, имам 10 сведоци што не ме виделе.

Пилот

Спортски пилот на аеромитинг прави лупинзи и одеднаш забележува дека му се запалил десниот мотор. Веднаш се јавил во контролната кула :
– Десниот мотор се запали, што да правам ??
– Откачи го.
Само што го направил тоа, забележал дека и левиот мотор се запалил.
– Се запали и другиот, што сега ???
– Катапултирај се !!!
Пилотот почнал брзо да ги притиска копчињата, ама автоматското исфрлање не проработило.
– Ало – се јавил пак пилотот – не можам ниту да се катапултирам !!!
На тоа од контролната кула се јавил смирен глас :
– Повторувај по мене: “Оче наш, кој си на небесата…”

Семеен живот

Се среќаваат двајца пријатели од кои едниот неодамна се оженил. Неженетиот прашува:
– Каков е семејниот живот?
– Абе остај… забрането ми е да пушам, забрането ми е да пијам, забрането ми е да излегувам…
– Иии… Веќе жалиш што не си ерген?
– И да жалам ми е забрането…

Расправа

Сопругата: Што ќе правиш ако умрам? Ќе се ожениш ли повторно?
Сопругот: Се разбира, не!
Таа: Зошто? Не ти се допаѓа да си женет?
Тој: Ми се допаѓа, се разбира!
Таа: Тогаш зошто нема да се ожениш повторно?
Тој: Добро, ќе се оженам.
Таа: (нервозно) Така значи…
Тој: (молчи)
Таа: И во нашата куќа ли ќе живеете?
Тој: Зошто да не, убава е нашата куќа.
Таа: И ќе спиете на нашиот кревет?
Тој: А каде на друго место.
Таа: И ќе и дадеш да ја вози мојата кола?
Тој: Се разбира, нова е.
Таа: И ќе ги замениш моите фотографии со нејзини?
Тој: Би било паметно…
Таа: И таа ќе игра со моите палки за голф?
Тој: Не, таа е левичарка…
Таа: (молчи)
Тој: Упс…

Прв секс

Ќерката ја прашува мајката:
– Како е да имаш прв секс?
– Па ќерко, тоа ти е исто кога ти се клати заб!
– Е како тоа мамо, не разбирам?
– Па ќерко, чувствуваш болка, а не сакаш да ти го извадат!

Болест

Татко го испраќа својот син на одмор. Синот за прв пат оди на море. Пристигнале од селото до железничката станица. Таткото го советува својот син:
– Синко, многу да внимаваш таму.
– Зошто, татко?
– Ти не знаеш таму на морето какви можат да бидат жените.
– Какви тате?
– Многу расипани. Ако не внимаваш, ќе донесеш некоја заразна болест дома. Ќе ја заразиш својата жена. Таа ќе ме зарази мене. Јас без да знам ќе ја заразам и мајка ти. А ти знаеш каква е мајка ти, ќе изумре цело село.

Новчаник

Јавља се кумановац у радио и вика:
– Ја најде новчаник!
– Добро и што најде у њега?
– Па имаше 1500 евра, 150 000 ден. и лична карта на име Зоран.
– И добро, што сакаш с`г?
– Па, ако може една песна за Зокитаааа!!!

Виц на годината (2011)

Костум

Полицајци се собираат во кафеана, и еден од колегите доаѓа во ултра модерен костум. Го заобиколуваат и го прашуваат:
– Од каде ваков костум и од каде најде пари да го купиш?
– Абе какво купување, подарок ми е.
– Аман бре, кој ти подарил вакво нешто?
– Жена ми. Се враќам вчера дома, таа ме чека гола во креветот, а костумот оставен на столот на спалната…

Полуфинале

Разговара Американец со Македонец:
– Здраво!
– Здраво!
– Од каде си?
– Од Македонија!
– Извини, а каде е Македонија?
– Брат, МАКЕДОНИЈА е во полуфинале!