Кондоми

Бев многу среќен со девојката. Се забавуваме заедно повеќе од една година и на крај решивме да се венчаме. Моите родители, пријателите и блиските ме охрабруваа:
– Таа е сон!
Постоеше само една работа која ме вознемируваше- нејзината 20 годишна сестра која постојано носи тесни сукњички и припиени деколтирани маички. Редовно ја гледав во долна облека кога и да бев кај нив на гости.
Еден ден сестра и ме повика на гости да ги проверам поканите за венчавката. Беше сама дома кога стигнав. Седнав во дневната и таа ми шепна дека отсекогаш ме посакувала, а јас наскоро ќе бидам оженет. Рече дека кон мене има чувства кои не може да ги победи. Јас шокиран не можев да си поверувам што слушам. Ми рече:
– Одам горе во спалната, ако сакаш само дојди, а јас ќе ги исполнам сите твои желби!
Укочен од шок само ја гледав како се качува по скалите, ги соблече гаќичките и ги фрли врз мене. Стоев еден момент, се свртев и побрзав кон излезната врата од куќата. Побрзав кон автомобилот, а во тој момент се појавија мојата вереница и дедото кои трчаа кон мене.
Таа ме гушна и бакна:
– Мил мој, знаев дека си совршен!
А, дедото додаде:
– Овој мал тест ме увери дека ја давам ќерка ми во вистински раце! Честитам! Добре дојде во семејството!
Главната поука на приказната е:
СЕКОГАШ чувајте ги кондомите во автомобилот!

Обиди се со

Музика

Сега пред малку, еден човек седеше во паркот со телефонот во рака и слушалките во …