Аљоша Иваноски
04/10/2011
Виц на денот, Разно
901
Се сретнувват двајца пијани. Првиот прашува :
– Можe да поминам меѓу вас двајца?
– Секако, но еден по еден.
Аљоша Иваноски
04/10/2011
Црн хумор
4,561
По прегледот, пациентот гледа дека лекарот е загрижен па прашува:
– Докторе, може ли да ми кажете што ми е?
– Хмм, не знам, не знам…
– Па добро, кога ќе знаете што ми е?
– Па, најверојатно утре… по обдукцијата.
Аљоша Иваноски
03/10/2011
Разно
2,080
Судијата го прашува обвинетиот:
– Зошто го скршивте стаклениот излог и го украдовте накитот?
– Па господине судија, на излогот пишуваше: “Искористете ја шансата”.
???
03/10/2011
Виц на денот, Личности
4,194
Трпе се враќа од кај љубовницата накај дома и забележал дека мириса на нејзинот парфем. И додека мислел како да го покрие мирисот, видел еден бар и влегол внатре. После десет-дваесет пива испиено, тргнал накај дома. Трпана го пречекала и нервозно му рекла:
– Колку и да си се намирисал со женски парфем, ја знам дека ти пак си пиел!
NA4KA
30/09/2011
Виц на денот, Информатички
1,583
Wikipedia: Јас знам се!
Google: Јас имам се!
Internet: Без мене не можите!
Струја: Навистина?
Аљоша Иваноски
30/09/2011
Личности
1,079
Цветко оди на плажа и го прашува спасителот на плажата:
– Се извинувам, има ли овде медузи, ракови или морски ежови?
– Не грижете се господине, сите ги изеде ајкулата.
Аљоша Иваноски
29/09/2011
Виц на денот, Разно
1,946
Се разболел еден ветеринар па пошол на лекар на преглед. Седнал на стол и лекарот го прашал:
– Кажи ми во што е проблемот?
– Еее, лесно ти е тебе, само треба да прашаш и да дознаеш…
Деки =)
29/09/2011
Полицајски
2,679
Полицаец запира лека кола и и вели на плавушата зад воланот:
– Добар ден. Документите ве молам.
– Зошто, господин полицаец?
– Затоа што возевте со сто километри на час во населено место.
– Каков час! Јас излегов од дома пред 5-6 минути!
Аљоша Иваноски
28/09/2011
Виц на денот, Личности
3,789
– Другари, нема да ми верувате, вчера ме киднапираа вонземјани!
– Невозможно, како тоа?!
– Да да, навистина ви велам, на се се сеќавам. Чудни звуци, мала просторија, слаба светлина, копчиња што светат, движење нагоре…
– Абе какви вонземјани, вчера беше пијан како магаре па те качивме дома со лифтот.
Аљоша Иваноски
28/09/2011
Личности
1,846
Цветко им кажува на своите другари како ги лекува болестите:
– За бубрезите пијам пиво. За варењето – бело вино. За низок притисок – црвено вино. За висок притисок – коњак. Кога сум настинат малку чај со многу рум.
– Па добро бре, пиеш ли ти вода?
– Не, сеуште не сум имал болест која се лечи со вода…
elena
28/09/2011
Личности
1,310
Трпана му вика на Трпе:
– Драги, кога ќе се земеме, ќе ги делам со тебе сите грижи и проблеми!
– Но, мила, јас немам никакви грижи и проблеми…
– Реков „кога ќе се земеме“.
Интер
27/09/2011
Виц на денот, Личности
822
Трпе му вика на комшијата:
– Денес секретарката даде отказ, ме виде како се бакнувам со жена ми.
Тања Димова
26/09/2011
Навреди
1,238
Толку си слаб што дома те користат како ролетна.
АИППБТ
26/09/2011
Виц на денот, Образованиe
6,169
Професорот по етика им поставува прашање на своите студенти:
– Има ли право мажот да отвори писмо адресирано до жена му?
Еден студент одговорил:
– Има право, но нема храброст!