Дома / Вицови / Развод

Развод

Се враќа жената порано од работа и го фаќа мажот и во спална како води љубов со многу привлечна помлада жена.
– Свињо ниедна! Како се осмелуваш да ми го направиш ова на мене – твојата верна жена, мајката на твоите деца! Те напуштам. Сакам развод веднаш!
Мажот и и рекол тивко:
– Може ли барем да ти објаснам што се случи те молам?
– Во ред, кажи ми, ама да знаеш дека тоа ќе ти се последните зборови што ќе ми ги кажеш!
– Вака… се качував во кола од работа кога оваа млада дама ме замоли да ја префрлам. Изгледаше толку тажна, осамена и нежна, па ми падна жал и ја качив во кола. Забележав дека е многу слаба, во валкана облека. По пат ми кажа дека не јадела цели три дена! Бидејќи ми стана ептен жал, ја донесов дома и ја стоплив пицата што ти ја направив синоќа а ти не сакаше да ја изедеш за да не се здебелиш. Кутрата, за 2 минути ја изеде цела.
Бидејќи беше многу валкана, и понудив и да се истушира. Додека се тушираше, забележав дека облеката и е многу стара, валкана и полна со дупки па и ја фрлив. Бидејќи и требаше облека, и ги дадов твоите фармерки, оние што со години не ги носиш дека ти биле премногу тесни. Исто така и ја дадов долната облека што ти ја купив како подарок за годишнина, а не ја носиш затоашто не сум имал вкус за долна облека. Ја најдов и блузата што ти ја подари сестра ми за Божиќ а ти не ја носиш само за да ја нервираш. И ги дадов и твоите чизми што ги купи во оној скапион бутик а не ги носиш затоа што некоја твоја колешка од работа носела исти такви…
Зима длабока воздишка мажот и продолжува:
– Беше толку среќна и благодарна, само да можеше да ја видиш, додека се облекуваше а јас стоев на врата, со солзи во очите ми рече:
– Те молам господине, дали имаш уште нешто што жена ти одамна го нема користено?

Обиди се со

Возачка

Тип вози кола, одеднаш БАМ, некој го удира. Искача од кола нервозен, гледа кој го …